ПРВИОТ ИЗЛЕЧЕН ПАЦИЕНТ од коронавирусот има порака до СИТЕ ЗАРАЗЕНИ

Во Кина од смртоносниот коронавирус досега починаа 170 луѓе, а инфицирани се повеќе од 7.700. Одборот за вонредни ситуации во Светската здравствена организација денеска повторно ќе проценува дали новиот коронавирус сега претставува вонредна ситуација. Според информациите излечен е првиот пациент.

Медиумите пренесуваат дека првиот излечен пациент е Јанг Ли, кој има 34 години. Тој работел во едно претпријатие во Вухан. Инфекцијата кај него била регистрирана на 9 јануари, а на лекување заминал на 21-ви јануари. По десет дена e отпуштен од болницата во Сечуан.

Се восхитувам на посветеноста на медицинскиот персонал. Тие се прекрасни. Треба да веруваме дека лекувањето кое го спроведува експертскиот тим во медицинскиот центар и грижливата нега на медицинските сестри водат до брзо опоравување. На сите пациенти им посакувам брзо опоравување – порача Јанг Ли.

Во градот Хуанганг е отворена првата болница за лекување болести предизвикани од коронавирусот. Уште една се гради во близина на Вухан. Како што се најавите, ќе биде готова за седум дена.

Првите пациенти ќе бидат примени на 3 февруари, а медиумите пренесуваат дека Кина гради уште четири болници, за да го спречи ширењето на болеста опасна по животот.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime