Проект„Ромски младински работиници за вибрантно граѓанско општество“

Ромска асоцијација за жени и млади „ЛУЛУДИ“ од Скопје и Здружение на жени Ромки „ОСВИТ“ од Ниш, Србија, изминатата година го спроведоа проектот „Ромски младински работници за вибрантно граѓанско општество“, поддржано од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку Еразмус+ програмата на Европска Унија (Клучна акција KA210-YOU – Small-scale partnerships in youth; 2022-3-MK01-KA210-YOU-000100744).

 Во рамки на проектот заедно со група на младински работници спроведовме бројни успешни активности од областа на родова еднаквост, дискриминација и антициганизам

Главна цел на проектот „Ромски младински работници за вибрантно граѓанско општество“ (“Roma Youth Workers for a vibrant civil society”), е: Зајакнување на капацитетите на ромските младински работници од женски ромски организации со цел влијаење кон активно младинското ромско учество во демократските процеси.
Специфични цели на проектот:
1) Зголемени капацитети на младинските работници на темите родова еднаквост, дискриминација, антициганизам и
2) Зголемено учество на младите Роми, за поттикнување локален одговор за справување со родовата еднаквост, дискриминација и антициганизам.
Временска рамка на проектот: 02.01.2023 – 02.01.2024
Во рамки на проектот заедно со група на младински работници спроведовме бројни успешни активности од областа на родова еднаквост, дискриминација и антициганизам, и на овој настан би сакале да ги споделиме со вас.
Дел од активностите се: тренинг на младински работници на темите родова еднаквост, дискриминација и антициганизам, работилница за спроведување истражување преку фокус групи, спроведување на видео кампања со цел подигнување на свеста, организирање и спроведување на фокус групи од страна на младинските работници под менторство на ангажиран експерт со млада ромска популација со цел согледување на нивните ставови и перцепции и подготовка на анализа од прибраните наоди во Србија и во Македонија.

Related post