ПРОЕКТ: “НЕВИДЛИВИ, НО СЕПАК РЕАЛНО ПРИСУТНИ!“

Асоцијација за неформална едукација на Роми „Ромска Солза“ од Прилеп го спроведува проектот „НЕВИДЛИВИ, НО СЕПАК РЕАЛНО ПРИСУТНИ!“, кој проект е суб-грант и поддржан од проектот “НАДВОР ОД КРУГОТ – НЕВИДЛИВИ ВО ОПШТЕСТВОТО” од Програмата за поддршка за граѓанските организации во рамките на програма за акција на граѓанското општество 2015 / Инструментот за претпристапна помош (ИПА) Europe Aid / 151569/DD/ACT/MK.

Проектот се базира на идентификување и евидентирање на лицата без извод од матична книга на родените преку директни домашни посети на терен и меѓусебна соработка со локалните институции и установи, актуелизирање на проблемот пред пошироката јавност, размена на информации за административните процедури на начин што е разбирлив за целната група, подготовка на анализа за мапирање во Општина Прилеп и Битола, како и спроведување на теренско мапирање во двете општини.

Клучни засегнати страни   опфатени со проектот се лицата без извод од матична книга на родени од ромската заедница во општина Прилеп и Битола.

Временската рамка за имплементација на проектот и проектните активности се во времетраење од 9 (девет) месеци, согласно претходно планираната динамика за спроведување на активностите кои се детално опишани во проектот.

Конкретни резултати:

  • Евидентирани лица без извод од матична книга на родените
  • Мотивирани лица без извод од матична книга на родени кои активно ќе ги бараат своите права врз основа на законските и административните процедури
  • Обезбедена институционална вклученост преку организирано делување со локалните институции и установи во пресрет на потребите на лицата без извод од матична книга на родени , а во врска со надминување на проблемот со немање на лична документација

Во рамките на проектот е предвидено и видео запис со дел од индетификуваните  лица без лична документација и презентирање на резултати од индетификуваните лица без извод од матична книга на родените од општините Прилеп и Битола

Презентацијата на видео можете да го проследите на веб сајтот www.24vakti.mk  и неговите социјални мрежи во Сабота 05 01 2019 од 13:00 часот.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime