Колумна

Проклетство…..

Неждет Мустафа

Сакам да им се заблагодарам на сите пријатели кои несобично ја следат визијата на мојата политика, кои остават чесен траг кон своите најблиски роднини, пријтели и комшии, на сите оние кои за овие 20 години се здобија со знаење, искуства, функции и на сите оние кои беа и се, се уште волонтери и ги застапуваат интерсите на успорениот развој на Ромски народ. Тие кои беа и останаа сплеткачи, дволични, болно љубоморни, завидливи ги оставам да бидат осудени од севишниот владетел на светот и ќе потонат во сопствена омраза оставајки искуство на новите генарции дека таквите штетници се отпадок на иднината на Ромскиот народ. На муслимански мунафици.

Им благодарам на граганите на Македонија кои ми дават несебечна подршка, симпатии и охрабрување на мојата визија:Ромскиот народ да постане еднаков мегу еднаквите.

Јас знам дека со постигнатите резулатате во однос на мојата функција, Градоначалник, Пратеник и Министер не сме се исцрпиле ниту сме се умориле. Ама знам дека покажавме дека умееме да се сносиме со државни високи функции дека сме сме присутни во секое маало во местата каде живее нашиот народ и дека имаме демократски слух за интегрирано македонско општество, дека сме зрела заедница во остварување на своето достоинство.

Да, целта ни беше дефинитивно да се инволвираме во најтешката задача а тоа е, да постанеме дел од локалната, законодавната и извршната власт со цел да се актуелизираат, решаваат и воздигнува Ромското прашање до степен на нивно решавање од внатре и одблиску.
Јас сум со полно срце согласен да продолжиме и понатаму нашата заедница да се движи напред. Заедно ке одиме напред бидејки ние не живееме песимистички, зошто нашиот пријател не е очајот, ние сме ромски семејства кои живееме за Ромскиоит сон, за гладните ромски стомаци и имаме единствена цел: да бидеме една заедница кои се борат против сиромаштијата, нееднаквиот и успорен уморен развој.

Ромски народ, не потсетува на нашиот преколнат пат, на патот од нашите пра дедовци кои поради тешките историски времиња и режими беа дури против животот нивен. Ова не смее да остане во наш заборав, туку секавање кон нашата историја и идеал на денешната генерација во надминување на сопствените себични и алчни ега во дестинација на коловозот кон иднината на еднаквите.

Денес драги пријатели, мораме да бидеме строго одговорни за генерациите кои мора да си го имаат животот достоинствен по принципите на демократијата и владеењето на правото. Овој пат можеме да го трасираме само консолидирано, храбро и со знаење. Тука не смееме да бидеме себични, знењето е моќ од севишниот. Болните умови ги повикувам да се контролираат према заповедта на нашиот семокен , он кој не следи сите нас, и од кого нема криенка.

Јас знам дека политичките кампањи некогаш знаат да бидат големи и мали, а некогаш и комични и сурови. Ова доликува на луге кои не го почитуваа својот народ, немаат познавања за она што значи да бидеш племенит за сопствениот народ и да ги воздигнеш до ниво на почит од сите други заедници. Партиите не служат за победа на своето его, туку за победа на интересите на сопствениот народ. Тогаш тоа нека го сторат надарените, вредните и умните.

Ние до сега имаме креирано политика за во Македонија која имаше за цел што поактивно и поквалитетно да го проценат Ромите својот глас. Ние сме тука се уште ранливи. Има жонглери кои се уште се подигруваат со најмокното демократско средства за интеграција во нашата држава. Ја користат сиромаштијата наша, не купуваат како зеленчук или овошје без да одговараат утре оти ни го купија гласот и достоинството.

Сега брака и сестри непоколеблив сум дека на Ромите им е преку глава од таквите трговци на ромски души. Ромите веке знаат дека владетел на демократија и иднината на нивните деца е нивниот глас.

Ние веке знаеме дека со мокта на гласот се потиснува сиромаштијата, дискриминацијата, нееднаквите услови за живот, невработерноста, делењето на буџетот, социјалните станови, инвестирањето во нашите маала, грижата за здравството, развојот на образованието, и се она што значи во политичка смисла на зборот интеграција.

Значи без правилна употрба на гласот нема ниту иднина ниту интегерација.
Затоа бидете сигурни дека од сега се почесто во сите Ваши домови ке се појави по некој наш волонтер секој ден пред вашите домови од врата до врата да ви ги пренесе вредностите на нашата програма, слушнете го Ве молам. Тоа е она што може политиката да го направи.

Тоа е многу важно. Тоа ке носи промени, промени кои ке бидат реални. Тие волонтери ке говорат за иднината на Шуто Оризари, за иднината сите места населени со Роми, за нашите деца кои ке имаат пристап во најдобрите училишта со најдобрите наставници, ке ве информираат за новиот бизнис пакет кое ке го градиме во нашата средина. Ке ви говорат како ке се ослободите од долгови, кредити, како да бидеме дарежливи со нашиот глас за мегусебна хармонија, ке ве охрабрат да ги образувате вашите деца да станат доктори, инжинери, научници, претприемачи, дипломати па дури и градоначалници, пратеници, министри. Тие нема да зборуваат за слеп оптимизам во вид на надеж.

ТИЕ има да ви говорат на јазикот на Алаховио пратеник кој е печат а сите пратеници, Мухамед елехи селам, за да ги отклучат вашите срце, да ја повлечат завесата од вашите срца, ушите Ваши со разумот да ја делат лагата од вистината. Така проклетието ке го потисниме со помош на милостивиот, сомилосен и семокен.

Понесен од овој занес, Јас длабоко верувам во сите Вас, зошто тоа многу пати сум го видел во Вас, верувам во Вашата дарежливост оти сме наследници од ист створител.

При крај на ова обракање, сакам да Ви бидам искрен. Ке бидеме спори, но ке имаме резулатати. Ке ни биде тешко но ке стигеме до целта и ке не паметат како херои. Понекогаш ке биде бурно но ке бидеме трпеливи.

Ве уверувам дека ке имаме напредок зашто ке имаме заедничка надеж, ке имаме макотрпна работа во градење на нашето пријателство зашто овој процес треба да иде напред.

Ајде, ајде ова задача е наша, дајте да го тргнеме од нашите рамења проклетие врз нас….Ајде да си даваме шанса кон нашиот милосен и сомилосен создавтел да бараме опрост за сите наши грешкии и гревови. ОН Е ДАРЕЖЛИВИОТ!

Молам поштедете ме од коментари.

Неждет Мустафа
Проф. по филозофија, политичар, романист, носител на иклучителни високи државни функции, Претседател на ОПЕР, мисионер на БАРОМ


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime