ПЦЕР: Реагира на обајавата на Миленко Неделковски на порталот Република

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, реагира на обајавата на Миленко Неделковски на порталот Република дека лидерот на ПЦЕР – актуелен пратеник во Собранието на Република Северна Македонија е ЦИГАН НАД ЦИГАНИТЕ.

Самка Ибраимоски како претседател на партијата ќе преземе мерки согласно Уставот и законите во државата бидејќи јасна е намерата на Миленко Неделковски. Навредите од страна на Неделковски кон Ромите не престануваат.

Овој пат ќе следи кривична пријава како за Неделковски така и за порталот Република поради тоа што порталот најпрво требал да провери за каква вест се работи а потоа да реагира.

Кодексот на новинарите прецизно укажува дека: „Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

За ова ќе биде известена и Комисијата за заштита од дискриминација, Народниот Правобранител и други соодветни институции.

Говорот на омраза на Неделковски мора да запре.

Фејсбук статус: Самка Ибраимовски/ПЦЕР


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime