Скопје, 19 јуни 2019

Регионален семинар на тема “Млади Роми: од образование до вработување”

 Регионален семинар за вклучување на земјите од Западен Балкан и Турција

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, ВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ГРАЃАНСКИТЕ ОПЕРАТИВНИ ОРГАНИЗАЦИИ СЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ОБРАЗОВНИОТ КАДАР И  ИНКЛУЗИЈА  НА РОМИТЕ

 Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) организира регионален семинар на тема “Млади Роми: од образование до вработување” на 19 јуни 2019, Северна Македонија, во рамките на регионалниот проект “Зголемени образовни можноости за студенти и млади Роми во Западен Балкан и Турција”. Проектот е финансиран од Европската Унија и кофинансиран од РЕФ.

Настанот предвидува форум за дискусија за владини органи, граѓански организации, меѓународни организации и други релевантни засегнати страни во контекст на инклузија на Ромите, да ги споделат своите искуства и научените лекции од реформите во образованието и политиките за вработување во нивните земји. Настанот, исто така, нуди можност да ги идентификува клучните предизвици за надминување на капиталните недостатоци за децата Роми и непречена транзиција од образованието до вработување.

Воведното обраќање ќе го даде Музафер Бајрам, министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите и Х.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

Учесниците ќе бидат пречекани од Анджеј Мирга, претседател на Одборот на РЕФ. На семинарот ќе се соберат повеќе од 50 владини претставници од министерствата за образование, промоција на човековите права и труд и социјална политика; претставници на граѓанското општество, Европската комисија, меѓународни организации и студенти и алумни корисници на РЕФ (види прилог кон дневниот ред).

 

Агендата на собирот се состои од три главни сесии:

1.Пристап до квалитетно образование за децата Роми: перспектива од теренот

2.Вработување на млади Роми: Агенда за инвестиции во човечкиот капитал за следната деценија

3.Структурни и политички промени за Ромите во Западен Балкан: Зголемување на соработката на регионално ниво.

Проектот вреден 3,8 милиони евра работи во партнерство со локалните организации на граѓанското општество и во соработка со националните и локалните институции за образование и вработување. Со цел да се обезбеди одржлива промена во образовните системи, имплементаторите на проектот вложуваат напори да ги зголемат капацитетите на централните и локалните институции, како што се министерствата за образование, локалните власти и директорите на училиштата и наставниците.

Досега, национални настани се случија во пет од земјите-партнери во насока на зајакнувањето на можностите за образование и вработување на младите Роми.

Осум од клучните препораки, кои произлегуваат од политичките дискусии, се следниве:

1.Гаранцијата за високо квалитетно образование и вработување на Ромите не е од интерес на Ромите, туку од општествата во целост.

2.Време е да се идентификуваат и промовираат ромските таленти во политичката, економската и социјалната сфера и да се дискутира за тоа како нивниот потенцијал ќе придонесе за социјалниот развој.

3.Социјалното, образовното и економското вклучување треба да биде интегрален дел од владините долгорочни агенди и треба да се решат преку одржливи, сеопфатни и остварливи стратегии и поддржани од ефективни и функционални човечки и финансиски ресурси.

4.Инклузијата на Ромите треба да се одвива со активна консултација и учество на ромските заедници.

5.Граѓанските организации и националните структури за инклузија на Ромите треба да ги држат владите одговорни и да придонесат за координирање на различни краткорочни проекти.

6.Позитивните образовни модели и мерките за вработување траба да бидат усвоени од соодветните влади како долгорочни решенија и да бидат поддржани со соодветна професионална структура и финансиски ресурси.

7.Довербата на ромската заедница во владините институции треба да се подигне преку задоволување на потребите на корисниците, вклучувајќи ја и заедницата во активностите, постигнување на видливи резултати и правење позитивни промени во животот на заедницата.

8.Навремено донесување на акциони планови за вклучување на Ромите.

Препораките за конкретната земја ќе бидат дистрибуирани за време на настанот.

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime