Германска амбасада Скопје- Резервација на термин и тек на постапката за барање виза согласно Правилото за Западен Балкан
Од 1 јуни 2024 г., значително може да ја забрзате постапката за виза со тоа што ќе си обезбедите однапред првична согласност. Вашиот иден работодавач поднесува барање за првична согласност пред Сојузната агенција за вработување пред да побарате термин за поднесување барање за виза.
Штом Вашиот иден работодавач ја добие првичната согласност од Сојузната агенција за вработување, Вие може да договорите термин и да поднесете барање за виза истовремено приложувајќи ја првичната согласност. На овој начин, лотаријата отпаѓа, а Вие ќе добиете термин кај ВизаМетрик за само неколку недели. Последната лотарија се одржа во мај за термини во месец јуни 2024.
Термините според новата постапката ќе бидат достапни во првата половина на месец јуни.