Речиси 3.500 жени од Шуто Oризари немаат избрано матичен гинеколог, иако имаат еден во општината
Македонската асоцијација на гинеколози и акушери (МАГО) по повод Неделата на женското здравје 2024 година организира симпозиум на кој ќе бидат презентирани податоците за ХПВ вакцината, вакцинацијата во бременост, улогата на обезитетот во бременоста и Стандардната оперативна процедура на Центрите за жртви од сексуално насилство. Согласно податоците од Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во Шуто Оризари има 2.500 жени кои се здравствено осигурани, но немаат одбрано матичен гинеколог, и околу 1.000 жени кои не се осигирани и немаат матичен гинеколог.
Согласно законските регулативи во Р. С. Македонија, секој поединец без разлика на работниот статус може здравствено да се осигура и со тоа да се стекне со правото на бесплатни здравствени услуги.Целта да се нагласи важноста од редовните превентивни прегледи и рано откривање на здравствените проблеми како и информирање на сите жени во Македонија дека изборот на матичен гинеколог е од клучна важност за редовните превентивни прегледи.Говорници, Марија Башеска Стојановска и д-р Ламбе Крстевски, ќе дадат увид од прва рака за предизвиците со кои се соочуваат ранливите групи во пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје.
Централниот фокус на Неделата на женското здравје 2024 е меѓународниот симпозиум насловен „Здравјето во фокусот на жената“, специјално дизајниран за специјалисти и специјализанти по гинекологија и акушерство. Овој симпозиум, со интернационален карактер ќеј се одржува во период од 17 до 19 мај 2024 година, а ќе собере голем број експерти за да се осврнат на актуелните прашања за здравјето на жените. Симпозиумот има за цел не само да ги унапреди знаењата и вештините на здравствените работници, туку и да ја подигне свеста кај општата популација за клучните аспекти на здравјето на жените.