Ромите од цел свет формираа фудбалска федерација, а претседател е Македонец!

Македoнската престолнина Скопје ќе биде домаќин на Светско фудбалско првенство за непризнаени држави, региони и нации идната година, а во Конфедерацијата (КОИНФА) на независни фудбалски асоцијации кои не се членки на ФИФА и УЕФА, членува и ромската заедница.

Ромите се обединија од целиот свет и веќе формираа фудбалска федерација на чие чело претседател е скопјанец.

Мерфин Демир е претседателот на ромската фудбалска федерација, кој уште пред распадот на Југославија емигрирал со семејството во Германија и сега живее во Диселдорф.

„Израснав во Шутка, во тоа време уште беше Југославија. Тогаш Шутка беше поинаква, можеби би претерал, ама беше најубавиот дел од Скопје – беше неверојатно зелено. Тогаш беше совршено за момче како мене, имавме двор, игравме на улиците, зашто едвај да имаше сообраќај. Беше убава и рурална средина, која се изгуби низ годините. Во 1988 година, моите родители решија да си заминат, јас имав седум години. Се качивме на воз и тоа ми изгледаше како една голема авантура, едно патешествие. Претходно никогаш не бев подалеку од Македонија, а ја оставивме Југославија. Не ни сфаќав дека ќе одиме да живееме во друга земја. Побаравме азил и ни одобрија постојан престој врз база на хуманитарната основа од 90-те, кога Југославија се распадна со крвавите војни“, вели Демир.

Светското првенство за непризнаени земји е предвидено да се игра од 30 мај до 7 јуни во македонската престолнина и на него треба да учествуваат 16 екипи од земји и региони, кои помалку или повеќе се познати (Абхазија, Јужна Осетија, Донбас, Луганск, Квебек, Северен Кипар…).

Ромската заедница сега за своја промоција ја гледа шансата преку фудбалот да се презентира пред светот, а фудбалот го гледа како шанса за – свој идентитет!

„Јас имам многу соништа, ама најголемиот е да бидеме силна федерација на Ромите во КОИНФА. Знам што можеме, а знам дека можеме и многу повеќе. Знам дека преку фудбалот можеме да ги промовираме Ромите. Фудбалскиот тим е нешто што создава идентитет, а јас сум убеден дека тоа го правиме на вистински начин, создаваме идентитет, со зацврстуваме и го презентираме пред светот“, додава Демир.

Скопјанецот израснат во Шутка често го посетува родниот град за кој пред Конфедерацијата (КОИНФА) порача дека е прекрасен и дека му недостига секојдневието во Скопје.

„Последен пат бев во Скопје во 2018 година и морам да кажам дека сум обземен секојпат кога ќе се вратам. Ми фали тој мултикултурализам, тој секојдневен живот во Скопје, кога наследството, етничката припадност или јазикот и пасошот немаат никаква улога. Јас во Скопје сум како турист, не ни знам келнерот дали е Македонец, Албанец, Ром… А и не е важно, во Скопје сите се пријателски расположени. Во Скопје чувствувам среќа“, потенцира Демир.

 

https://sport1.mk/fudbal/svet/romite-od-cel-svet-formiraa-fudbalska-federacija-chij-pretsedatel-e-makedonec?fbclid=IwAR0898sUVKxUO-7yOSVdH91EHQE8qtiWnDhyLJYZHh_pI-SwFPlaIbQxSM4


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime