
Почитувани,

Згрозени сме од последните случаи на сексуално вознемирување на жени и девојки Ромки на социјалните мрежи.

Имено на 21.08.2021 година на социјалната мрежа Фејсбук се појави фан страна
https://www.facebook.com/semmsuvada, на која се објавуваат компромитирачки и експлицитни приватни фотографии и видеа од истите за тие да се деморализираат и обезвреднат.

На истата Фејсбук страница на 06.10.2021 година е објавен повик за собирање на фотографии и видеа од жени и девојки Ромки со цел нивно објавување и како што е наведено во објавата „јавно прикажување на „нечесните жени“.(„Koj mangena shaj dena slike privatno te ubacina e nepostena manusen“)

На самите објави има приватни фотографии и видеа од Ромки кои што живеат во Република Северна Македонија, но и надвор од нашата држава, а на некои фотографии се видливи и нивните малолетни деца. Сите објави на гореспоменатата Фејсбук -страница, предизвикува лавина од вознемирувачки коментари и говор на омраза од поединци, како и повици за јавен линч со што се повредува достоинството на Ромките чии фотографии се објавени.

Токму поради сето ова, ги повикуваме жените кои се директно засегнати со овие објави, како и сите останати корисници на социјалната мрежа Фејсбук да ги пријават ваквите објави најпрво користејќи ги алатките за пријава на ваков вознемирувачки материјал на Фејсбук, а потоа да ја пријават ваквата злоупотреба до надлежните институции и/или до здруженијата на граѓани. Воедно ги повикуваме институциите:
веднаш и итно да постапат по допрен глас и да ги елиминираат овие штетни практики кои имаат за цел да ги нарушат достоинството и угледот на жените Ромки!

Не смееме да дозволиме да ни се повтори случајот со „Јавна соба“!

Како општество не смееме да го дозволиме вознемирувањето, злоупотребата на лични податоци и јавниот говор на омраза кон жените чија единствена цел е да се наруши дигнитетот и јавниот углед на жените Ромки.
Со почит,

Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари – Скопје

Евопски центар за права на Ромите- Брисел

Коалиција Маргини

Фондација Отворено општество Македонија

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико

НВО КХАМ – Делчево

Граѓанско движење АВАЈА

Ромска асоцијација за жени и млади –

Лулуди

Група за застапување на еднакви можности при вработување

Здружение за развој и унапредување на ромската заедница – Романо Чачипе

Здружение на граѓани за здравствена, социјална и образовна поддршка – ИРИЗ

Хелсиншки комитет за човекови права

Асоцијација за здравствена едукација и истражување – ХЕРА

Амбрела

Романо Авази
Скопје, 07 октомври, 2021 година