Ромски политички тројански коњ

Долгодишните ромски политички ривали по вторпат си дадоа рака за помирување, во стилот на индијански племиња со пушење на лула на мирот.

Овие стари истрошени ромски лидери кои цел живот се на цицка на државата секогаш со власта, и овој пат како на председателските избори во Македонија ке ги бранат боите на СДСМ за Парламентарните избори во Македонија кои ке се одржат на 12 -ти април 2020 година.

Со години тие ја креираа апсолутизацијата на добро измислени процеси и политички стратегии за умилкување кон владејачките политички партии. Иако резултатите се катастрофални од нивното работење, со таква политичка стратегија секогаш успеваа да бидат дел од власта, никогаш опозиција.

Ромскиот електорат на последниве Парламентарни избори не го дадоа својот глас за нив ,бараа промена на деструктивната политика над Ромите на тогашната владејачка партија на ВМРО-ДПМНЕ во кое коалицираа скоро сите ромски политички партии.

Нивниот нагон на политичко преживување со години им успева манипулирајки дел на ромските гласачи, поткупување и фалсификување на изборните резултати, за кој постои сведоштва и доказни материали.

Со години поради ваквите политички стратегии на ромските политички лидери, кој секогаш ја менуват политичката страна, Ромите се губитници. Со ова ова нивна бесрамност граѓаните се измамени со е украдена изборната волја на гласачите.

Овие народно именувани сончогледи не се грижат за своите гласачи тие повеќе се грижат за нивниот личен интерес.

Тие се склони кон сè, исто така велат дека сè е дозволено, но има и недозволени работи во политиката кои се амнестират со секе вклучување кон владејачката партија.

Измамници и политички кукавици кои немат храброст да го сторат тоа што го ветуват затоа што ниту едно од кажаното дека ќе одат по друг пат не е остварено. . Ова е класична политика на континуитет , трговија и полтичка измама.

Тие се без морал, лицемери кој на крилата на транцицијата успеја да си го здбелат банковното салдо.

Таа нивна алчна политичко хемија која ги одржува во опстанокот на политичкиот живот ги чини бесмртни.

Тие се Тројански коњ во секоја политичка коалиција која се бори да дојде до власт.

Овие тројанци ја немат сменето својата политичка стратегија за умилкување кон владејачките политички партии.

Кога ке осетат дека од ловци станаа ловина брзо ексиплитно ке фрлат со дрвја и камења кон оние кои до вчера им беа коалициони партнери,и ги штитеја од сите криминални дејности кои ги вршеа во текот на своите долгогодишни мандати.

Сега велгуваме во еден турбулентен период, каде СДСМ влегува значително ослабена на овие Парламентарни избори, тоа добро го знаат ови долгогодишни политички манипулатори.

Нема да биде ништо изненадувачко да го напуштат “Титаник“ пред тој целосно да потоне . Тоа и се случило кога предходната власт на тогашниот премиер Никола Груевски изгуби поради неуспех во фрмирање на Влада, за да после кога му се даде мандат за формирање на Влада на председателот на СДСМ Зоран Заев, преку ноќ ги сменија политичките страни.

Ова нивно помирување е дел на нивната политичка измама, во зависност која страна ке ги добие најавените Парламентарни избори.

Овој нивен опстанок на политичката ромска сцена се сведува благодарение на нивните супериорни манипулации кон ромскиот гласачки субјект.

Кога ке биде од нив доста?- тогаш кога ромскиот глас нема да биде глас за избори, глас за личен престиж туку глас за “ЖИВОТ“

Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime