Декларација на Роми во ЗАпаден Балкан

РЦЦ: Третманот на Ромите претставува испит за целиот Западен Балкан (Видео)

Интеграција на Ромите на Советот за регионална соработка
Секојдневниот живот на Ромите во земјите на Западниот Балкан за жал не е славење на празникот на Св. Ѓорѓи покрај реката, со девојки со цветни венци во косата и меланхоличната музика што сите ја препознаваме и сакаме. Податоците покажуваат сериозна материјална обесправеност кај 83-94 проценти од ранливите ромски семејства во целиот регион за проширување на ЕУ.
Ромите се една од најобесправените и исклучените групи во земјите на Западниот Балкан. Најновите извештаи покажуваат дека бројот на девојчиња и момчиња Роми кои посетуваат задолжително основно образование се зголемил во изминатите десет години, но сепак, посетувањето на средно училиште е на многу пониско ниво.
Процентот на младите лица (18-24 години) кои што не се вработени, ниту се вклучени во образованието или обуката е висок, од 73 во Србија до 86 проценти во Босна и Херцеговина. Кај младите жени овој процент се движи помеѓу 81 (Република Северна Македонија) и 93 проценти (Црна Гора).
Бројките покажуваат дека Ромите имаат помала веројатност за пристап до здравствена заштита во споредба со соседите кои не се Роми. Многу ромски населби не се поврзани на водоводната мрежа, почнувајќи од 10 проценти во Република Северна Македонија па сé до повеќе од половина од ромската популација во Албанија.

Сите овие податоци укажуваат дека се потребни нови и ефективни политички мерки во сите општества од Западен Балкан за да се осигури признавање на Ромите и нивно вклучување во општеството како продуктивни членови, целосно интегрирани и еднакви во сите сегменти од секојдневниот живот.
Во Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ, која се усвои на Самитот на Западен Балкан во Познан, е утврдено дека економиите од Западен Балкан настојуваат да постигнат зголемување на вработеноста, легализација на домувањето каде што е можно, зголемена стапка на завршување на основното и средното образование, стапка на покриеност со здравствено осигурување и регистрација во матичната евиденција на сите Роми, како и да ја продолжат борбата против дискриминацијата кон Ромите.
Нивната амбициозна и мотивирачка заложба за продолжување и засилување на напорите за целосна еднаквост и интеграција на Ромите во нивните општества претставува важен чекор за интеграцијата на Ромите.
Без сомнение, еден документ не може да го реши статусот на речиси 600 неформални ромски населби во Србија или да обезбеди целосна вакцинација на ромските деца во Република Северна Македонија. Со цел да се зголеми стапката на вработеност на Ромите или младите Роми кои имаат завршено средно образование, самите влади ќе треба да усвојат политики, да имаат буџети кои се одговорни кон Ромите, да преземат мерки и постојано да следат, на сите нивоа, дали овие политики и мерки секојдневно допираат до сите Роми.
Во спротивно, оваа Декларација ќе остане само парче хартија. Проектот за интеграција на Ромите на Советот за регионална соработка, финансиран од Европската унија и Фондацијата Отворено општество, го олесни процесот на одобрување на оваа Декларација, која беше иницирана од Владата на Република Северна Македонија.
Оваа Декларација има потенцијал да ги води индивидуалните влади, регионалната соработка и напорите за интеграција во ЕУ во врска со прашањето за интеграцијата на Ромите.
Секако, Декларацијата претставува процес. Сега е важно, повеќе од кога било досега, да утврдиме до каде сме стигнале досега и што е уште поважно, да видиме уште колку пат ни преостанува во интеграцијата на Ромите како дел од процесот на проширување на ЕУ и регионалната соработка.

Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime