Самка бара ветинг веднаш: Судиите не се фудбалери за да им требаат подготовки

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР реагира дека судиите од основните судови и од Апелација бараат да не се брза со ветингот зашто за негово спроведување треба посебни подготовки

– Ако ветингот биде многу брзо немало да има ефекти. Сакаме ветингот да почне веднаш и тоа прво тие судии кои се осомничени и има индикацији дека нивните донесени пресуди се сомнителни и неправедни. Нејасно е зошто бараат подготовки, не се фудбалери па ќе ги подготвуваме за терен да играат натпревар. Ако сакаме да донесеме правда во оваа држава мора да се види со каква кошула дошол за судија и каква носи сега – велат од ПЦЕР.

Партијата бара да се испита потеклото на имот на секој осомничен судија, односно пресуда која ја донел.

– Посебно сме огорчени од пресуди донесени за нашата заедница, за Ромите, каде се осудени со големи казни затвор за мали кривични дела. Пресудите може да ги дадеме на комисијата која ќе врши ветинг. Зошто страв и многу реакции ако се чесни ќе се проверат и завршена работа, ако има докази за потекло од каде и што се парите нема страв. Но со сигурност можеме да кажеме да има такви судии кои ја искористиле својата функција и си го натовариле магарето за внуци и правнуци – велат од партијата.

Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime