www.24vakti.mk

Самуел Абукаја:“Знаеме дека Ромите доаѓаат од Сименовото племе според книгите на Битие, Броеви, Летописи и Книгата и на Естера“.

Интервју со Самуел Абукаја (Ерусалим - Израел)

16/12/2017 Интервју со Самуел Абукаја (Ерусалим – Израел)

Самуел Абукаја  франкофон роден 1969 на југот на Франција во близина на градот Монтпелје.На 18 годишна возраст се стекнува со изреалско државјанство, и се преселува во Израел во Ерусалим каде живее и работи и се занимава со истражувањето на Тората, кој според него ги отвара тајните за изгубените израелски племиња меѓу кои тој верува дека Ромите се Сименово племе кој припаѓал на 12 – те Израелови племиња. Во ноември ова година организирал прв јудејско – ромски форум каде ги образложил своите досегашни истражувања за потеклото на Ромите. Ова тероија според Абукаја е вистинска експлозија, за која Евреите не се баш подготвени.

М.С Живеете во во еден од најсветите градови на земјината топка во Ерусалим, како дојдовте до идеја и од каде црпите материјали со кои докажувате дека Ромите се изгубеното Сименово племе?

С.А Случајно. По враќањето во Франција на 21-годишна возраст, живеев авантуристички живот многу патувајќи, едноставно ме влечеше такво патешествије кое не било набљудувачко. Во 2003 година серија настани ме вратија во јудаизмот и откако го ликвидирав мојот бизнис во Франција, се вратив во 2005 година да живеам во Израел за да ја научам и да ја разберам Тората за која не знаев многу. Откако сфатив дека никој нема да ми ги даде одговорите на основните прашања што ги имав за Тора, решив да ги користам приватните детективски атрибути што ги имав во текот на 7 години во Франција за да ги испитам оригиналните текстови на Тората, коментари и други записи на мудреците од Израел. Посветувајќи голем дел од моето време наидов на многу одговори кои беа пронајдени како осветлени сенки меѓу кој открив преку Тора и работи кои ги поврзуват Ромите кои мене ми биле познати во Франција, пред се на нивните обичаи и културни традиции блиски со Евреите.

М.С Кои докази ги имате со кој ќе докажете дека Ромите навистина се Сименовото племе?

С.А Постојат многу докази во Тора кои потврдуваат дека Ромите се потомци на племето Симеон, но да се објаснат и откријат овие елементи мора да се пристапи мудро и прогресивно, бидејќи објаснувањето присилува да објасниме други директно поврзани факти со кои би можеле да ги стабилизираме темелите на јудаизмот онака како што го применуваме денес. Знаеме дека Ромите доаѓаат од Сименовото племе според книгите на Битие, Броеви, Летописи и Книгата и на Естера.

М.С Според вас по што се слични Евреите и Ромите?

С.А Од она што го гледаме, како и средбите , Ромите тие најчесто наликуват на Курдите што ги познаваме во Израел, но тоа не мора да ги променат нештата. Со текот на годините, тие ја изгубија практиката и се вклучија некои не-Израелски елементи.

М.С Во еден мој интерву со господинот Јосип Абитан рабин во Ница Франција на ова тема , ми кажа дека е можно некој да има Еврејско потекло доколку ги следи барем дел од законите и ја познава Тората. Што милсите за ова, дали е потребно да се познава Тората и да се следат дел од законите на Мојсие за да се биде Евреин.

С.А Како што вели француската поговорка, “навиката не го прави монахот” религијата или царината доколку не докажат дека нешто имат во себе . Многу не-Евреи во Израел го преферират јудаизмот и многу Евреи не го практикуваат, па дури се антирелигиозни и антиеврејски .

М.С Во Израел сеуште владее одбивност кон ова група, дали доколку се докаже дека ова најмаргинилизирана група во светот е со еврејско потекло изреалците и светот ќе ги сменат негативните сваќања кон своите браќа односно кон Ромите ?

С.А Не верувам во вонземјани или летачки чинии од друг свет, освен летачките чинии кои тајно биле направени од страна на Фолксваген за нацистичка Германија пред повеќе од 70 години, дури и ако овие мрачни проекти биле во можност да продолжат до овој ден за слични мрачни цели еден ден ке бидат откриени и осветлени.

М,С И на крајот чија била идејата за одржување на Еврејско – ромски форум во Ерусалим, што се постигна и кои се идните чекори и активности на овој форум?

С.А По првиот Форум, ќе има серија состаноци со сите групи на Роми ширум светот. потоа, вториот Форум ќе биде многу поголем од првиот.

Интервјуто со Сауел Абукаја го водел Мозес Соломон (Мухаџер Сулејман)


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime