СДСМ ќе бара оставка од двајца градоначалници во Скопје?

По најавата за „метла“ на функционри кои не служат доволно добро на народот, од редовите на владејачката партија, таа најверојатно ќе „заигра“ и меѓу градоначалниците во неколку скопски општини.
Според неофицијални информации, се разгледувала можност да им бидат побарани оставки на двајца градоначалници на скопски општини, каде што е евидентиран најиндикативен пад во однос на последните локални избори, и кои беа често на тапет на јавноста поради лоши потези, посебно во делот на урбанизмот.
Проценките, наводно, се дека е подобро да се организираат дополнителни избори во тие општини, макар и да победи ВМРО-ДПМНЕ, отколку да продолжи да се нарушува имиџот на СДСМ со непродуктивно и неажурно работење на дел од локалните власти. Соговорниците на „Независерн весник“ најавуваат посебна анализа за потфрлањата во главниот град на овие избори, наспроти убедливата победа што беше остварена во сите скопски општини и во градот во целина на локалните избори пред една и пол година.
Посебно се посочуваат општините Кисела Вода и Гази Баба, каде што е забележан најголем пораз, но и Аеродром и Ѓорче Петров, во кои ВМРО-ДПМНЕ исто така обезбеди подобар резултат од СДСМ. На скопскиот градоначалник Петре Шилегов, пак, меѓу другото му се забележува дека истовремено е и потпретседател на партијата, така што проценките се дека не придонел доволно за подобар резултат во главниот град.

Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime