Семејното насилство малку се пријавува, а пандемијата ги заострува работите
Семејното насилство останува како проблем, но пандемијата ги заострува состојбите. Според невладината Центар за граѓанска иницијатива, која три години работи на проектот „Акции против родово базирано насилство кај роми и маргинализирани групи“, финасирано од германското министерство за надворешни работи, главно на превенцијата за заштита на жртвите од семејно насилство во Прилепско. Годинава има 50 активни случаи и сега ја вклучува правната помош за жртвите.
Талија Петреска, правен застапник во Здружението вели дека годишно има околу 300 пријавувања, а помалку од 50 кривични пријави, но не ја отсликуваат реалната ситуација, зашто останува низок процентот на пријавувањата на насилникот, иако со почетокот на пандемијата, се зголеми бројот на јавувањата во Здружението за семејно насилство.
-Нерешените економско и станбено прашање на жртвата, традицијата на овие простори да се трпи и да се чуди оставата да биде низок процентот на пријавувања на насилникот. Главно, жртви се жените, имаме и два случаи на мажи-жртви на семејно насилство. Ако годишно има пооколу 300 пријавувања, а помалку од 30 кривични пријави, реалната состојба не само во прилепско, но и во државава е далеку поголема. Пандемијата и карантинот првите месеци ги зголемија јавувањата кај нас за семејно насилство. Но, од друга страна, неработењето на дел институции поради пандемијата, неможноста да се почне судски процес во кој сите чинители мора да присуствуваат, прават да немаме ниту еден епилог од поднесените пријави. Од друга страна сите едукации, конференции на граѓанскиот сектор се, за жал „он-лајн“ и неможно е да седнат сите на една маса, објаснува Петреска.
Еден од активните случаи на Здружението е случајот со 36-годишна прилепчанка, Ромка, зашто најмногу работат со ромите и другите маргинализирани групи. Таа во 15 години живеење прво со вонбрачниот, а потоа со брачен партнер постојано била малтретирана, тепана, дури и подведувана за да донесе пари. Тој бил незаинтересиран за четирите деца, туку само за алкохолот и малтретирањето. Сега, 36-годишната жена има постапка за развод. Прво ѝ овозможил Центарот за социјални работи, а адвокат обезбедило здружението Центар за граѓанска иницијатива. Децата се во згрижувачко семејство, а жената спие каде што ќе најде место.
Според Петреска, најефикасна би била мерката за отстранување на насилникот и забрана за пристап до жртвата, но тоа ретко се корисити.
– Тоа би било најефикасно, доколку се почитува и се применува. Жртвата и децата би останале во домот како и дотогаш, а децата ќе посетуваат училиште како и во претходниот период. инаку, пријавувањето на 192 или во најблиската станица е најефикасно, зашто полицијата може да преземе ефективни мерки, објаснува Петреска.
Проблемот со семејното насилство останува, но зимскиот период и пандемиајта може да ги заострат работите.