Се оддржа национална тркалезна маса за застапување:Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита

Национална тркалезна маса за застапување се одржа на ден 21.11.2017  со цел објавување на брифингот Ромите во Република Македонија: Предизвици и нееднаквости во домувањето, образованието и здравствената заштита, во Хотел Мериот во Скопје.

Брифингот, објавен на англиски, македонски, албански и ромски јазик, е издаден преку соработката на МРГ и СОНЦЕ. Истиот дава бројни препораки до македонската влада и локалните самоуправи. Брифингот се фокусира на три клучни области во кои Ромите и понатаму се соочуваат со дискриминација: образование, домување и здравство.

На тркалезната маса говорници беа: Министерот без ресор г-дин Аксел Ахмедовски, г-дин Самка Ибраимоски-Пратеник во Собрание на РМ, г-ѓа Васка Бајрамоска- заменик Народен правобранител, Атиџе Османова-проектен медијатор и Мако Демиров- претставник од ромската заедница. Исто така во првиот панел имаше воведно обраќање и извршниот директор на АДРР СОНЦЕ – Г-дин Ферди Исмаили.

 На настанот беа поканети претставници на државни институции од клучните области, претставници на меѓународни институции/организации, експерти, организациите членки на Мрежата за застапување на Ромите и медијатори.
Тркалезната маса беше организирана во рамки на проектот “Од акција до еднакви права на Ромите” финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите Сонце- Тетово во партнерство со Група за малцински права – Лондон (МРГ)

Онлине брифингот на повеќе јазици може да го најдете на следниве линкови :

MRG_Brief_Mac_ENG_Nov18

MRG_Brief_Mac_MAC_Nov18

MRG_Brief_Mac_ROM_Nov18

MRG_Brief_Mac_ALB_Nov18 (1)


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime