Интерпарламентарна група

СОБРАНИЕ: УСВОЕНА РЕЗОЛУЦИЈА ЗА ПРОМЕНИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПОЛОЖБАТА НА РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Самка Ибраимовски

На денешната 91 седница во Собранието на Северна Македонија  со 60 гласа за ниеден противсе усвои резолуција за промени и подобрување на положбата на ромите во Северна Македонија предложена од Пратеникот Самка Ибраимовски и  група на пратеници од интерпарламентарната група предводена од Самка Ибраимовски.

Со резолуцијата која ке биде објавена и на „Службен весник на Северна Македонија“се препорачуваат неколку предлози.

Имајќи ги во предвид општите слабости во спроведувањето на стандардите за човековите права  за Ромите како најранливите и најмаргинализираните групи во општеството,  за кои во Република Северна Македонија иако се преземаат мерки на ниво на политики за промовирање на социјалната инклузија, општествена правда,општествена   кохезија, борбата против сиромаштијата има ограничено влијание и сиромаштијата останува на високо ниво особено кај Ромите,

Изразувајќи ја подготвеноста на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Собранието на Република Северна Македонија

  1. Ја поттикнува Владата  на Република Северна Македонија детално да го разгледа имплементирањето на  законите и другите акти кои го уредуваат Ромското прашање и заедно со пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да превземат ефективни политики  за подготовка на законски решенија со стандарди на Европската Унија и нивно хармонизирање со меѓународни норми и стандарди заради унапредувањето на  регулативата за заштита од дискриминација,
  2. Ја интензивира соработка со Советот на Европа и Парламентот на Европската Унија заради унапредување на правата и општествената и економската положба на Ромите и ромската заедница во земјата, со учество во комисии и интерпартиски парламентарни групи за Ромски прашања,
  3. Ги мотивира Владата, државните органи, граѓанскиот сектор, здруженија и фондации, органите на локалната самоуправа, стопанските субјекти, научните и културните установи и медиумите како креатори на политиките за подобрување на состојбите  на Ромите во Република Северна Македонија да спроведат директни активности, како и да вршат евалуација и мониторинг  врз креираните политики во нивната имплементација,
  4. Ја подржува Владата на Република Северна Македонија во изнаоѓање на дополнителни мерки за  подобрувањето на условите и можностите за вработување и намалување на невработеноста на ромската заедница, а преку тоа и нејзина интеграција во општествените текови во Републиката, подигнувањето на нивото на образование на ромската заедница, намалувањето на јазот во квалитетот на домување помеѓу ромската и неромските заедници, континуираното подобрување на здравствениот статус на ромската заедница  и развој и промоција на ромската култура, јазик и традиција, заради целосна имплементација на Националната стратегија за Ромите во Република Северна Македонија  во сите сегменти на економскиот и општествениот живот,
  5. Ги повикува парламентите на  европските држави, членки на Советот на Европа и ОБСЕ да се заложат и да изградат рамка за заедничка борба против сегрегација и дискриминација на Ромите.
  6. Оваа Резолуција ќе се достави до Владата на Република Северна Македонија, државните органи, единиците на локалната самоуправа, стопанските комори, универзитетите, здруженијата на невладини организации во Република Северна Македонија, медиумите, Европскиот парламент, Советот на Европа, ОБСЕ и Обединетите Нации.

Во Образложението на оваа резолуција за промени и подобрување на положбата на ромите во Северна Македонија се бара од Собранието, Владата како и сите засегнати страни неколку точки и тоа:

Иако во Република Северна Македонија постои законска регулација за спречување и заштита од дискриминација на граѓаните, сепак состојбата со ромската популација во унапредувањето на нивната положбата при креирањето и имплементацијата на развојни и стопанско-инвестициски проекти, вложувања во здравството и образованието, во комуналната инфраструктура, станбена изградба и квалитет на живот е скоро и непроменета.

Заради подобрување на положбата на ромската популација Република Северна Македонија како суверена, самостојна, демократска и социјална држава  треба да се заложи за

1.обезбедување на образовна поддршка надвор од наставата во училиштата бидејќи   образованието и образовните достигнувања остануваат фактори за промена на животот на сите млади но особено на ранливите млади кои се изложени на ризик од социјална и економска исклученост,

2.Подобрувањето на животниот стандард на Ромите може да се постигне меѓу другото и со нови мерки  и можности за засновање на работен однос во јавниот и приватниот сектор во Република Северна Македонија,

3.подобрување на здравствените политики на државата имајќи ја предвид понеповолна здравствена состојба на ромите  во однос на мнозинското население  и постоењето на низа бариери со кои се соочуваат  во однос на пристапот до здравствените услуги и

4.Подобрување на условите за домување.

5. Здравјето кај оваа популација се карактеризира, пред сè, со повисока стапка на појава на хронични заболувања, како и пократок животен век за 10 години од останатото население.Појавата на скриена дискриминација во третманот на пациентите, неможност за плаќање на потребните здравствени услуги, оддалеченост на здравствените установи, недоволни знаења во однос на нивните здравствени права, како и недостаток на информации помеѓу здравствените работници за посебните потреби и навики што ги имаат Ромите кога пристапуваат кон здравствените услуги. Неповолните услови за стекнување на здравствено осигурување, како и неземањето предвид на социјалните потреби на Ромите при усвојување на здравствената регулатива, дополнително ја продлабочува нееднаквоста. Сите горенаведени состојби преставуваат пречки во процесот на остварување на правото на здравствена заштита, меѓутоа уште повеќе претставуваат ризик фактори за здравствената состојба на ромското население. Непостоењето на здравствена статистика сегрегирана по етничка припадност резултира со недостиг од релевантни официјални податоци за здравствената состојба на Ромите, што пак претставува дополнителен проблем за решавање на здравствените проблеми на ромското население.

Иако Република Северна Македонија постојат различни закони кои го регулираат домувањето и што се особено важни за Ромите како што е Законот за домување и Законот за постапување со бесправно изградени објекти сепак Ромите се соочуваат со најлошите услови за домување во земјава. 28% од нив живеат во сиромашни населби, во лошо изградени живеалишта кои формално често немаат формална регистрација.Многу ромски семејства живеат во куќи со помалку од 5м2 по лице. Оваа ситуација е влошена од несигурноста на ова уредување при што околу 80.000 ромски домаќинства немаат долгорочни решенија за домување. Честото отстуство на вода за пиење, електрична енергија, греење или санитарни услови исто така придонесуваат за широко распространетата лоша здравствена состојба.

Претходно предлог резолуцијата ги помина сите филтри од комисијата за политички систем и односи меѓу заедници како и законо-правната комисија на Собранието на Северна Македонија без ниеден амадман или предлог за промена на првобитната верзија предводена од Самка Ибраимовски и група пратеници.

Резолуцијата стапува во сила после објавувањето на„Службен весник на Северна Македонија“

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime