ВИДЕО: Сонот на децата питачи за подобро утре останува грижа и обврска на општеството

Сон кој за да се исполни потребни се системски решенија, почитување на Конвенциите за заштита на децата и спречување на најлошите форми на експлоатација преку нивно евидентирање, интегрирање и вклучување во образовниот процес.
Хоризонталниот инструмент на Европската Унија и Советот на Европа за Западен Балкан и Турција ги поддржува напорите на Владите да се сообразат со легислативата и стандардите на овие две регионални организации. Помеѓу другите теми поврзани со владението на правото, заштита на правата на жртвите, борбата против економскиот криминал и корупцијата, заштитата од дискриминација и поддршка на општествената интеграција на Ромската популација, Хоризонталниот инструмент опфаќа и проекти за превенција и борба против трговијата со луѓе кој ги гради капацитетите на актерите против трговијата со луѓе, поддржува ефикасна идентификација на жртвите на трговија со луѓе со цел трудова експлоатација и на деца жртви и ги подржува напорите за обезбедување на нивно соодветно обесштетување.
Сторија на Атиџе Селман

Related post