Вториот состанок на управниот одбор од заедничката програма на Европска Унија и Советот на Европа на ROMACTED програмта “Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ се одржува во Скопје
На состанокот учествуваат претставници од Генералниот директорат за преговори за соседството и проширување (DG NEAR), Советот на Европа, Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, претставници од Министерството за труд и социјална политика, Кабинетот на министерот без Портфолио (Северна Македонија), градоначалници од 12-те партнерски општини (Северна Македонија), претставници од меѓународни организации, национални контакт-точки за Роми и ROMACTED тимовите за поддршка од седумте корисници на програмата.
Заедничката програма на ЕУ/СоЕ ја спроведуваат тимот на Роми и патувачи на Советот на Европа и Канцеларијата на Генералниот директорат за програми во седум корисници на Западен Балкан и Турција. Таа има за цел градење на политичка волја и одржливо политичко ангажирање на локалните власти за подобрување на демократското локално владеење, а истовремено стимулирање на јакнење на локалните ромски заедници да придонесат на проектирање, имплементација и мониторинг на плановите и проектите кои се однесуваат на нив.
Видео од првата сесија од конференцијата…
