Со донација за едукација!

Статистички, учеството на децата Роми во раното детско образование, на возраст од 4-6 години  е значително под просекот на ЕУ и изнесува само 14%. Неуспехот на овие деца  да се интегрираат во општеството, во голема мера се должи на соочувањето на децата со екстремната нееднаквост, особено на почетокот на нивното образование, што често доведува до напуштање на училиштето. Последователно, нискиот социо-економски статус на родителите и ниското ниво на писменост, имаат силно влијание врз училишниот успех на овие деца. Ризикот за напуштање на училиштето и негова замена со улицата –  како избор е опасност која многу често станува сурова реалнот. Секако има начин да им помогнеме, да сочувствуваме и да делуваме. Секоја донација ќе значи чекор напред, за овие деца, за нивните семејства, за нивната иднина. Но, и за новите генерации кои во едукацијата ќе препознаат избор и поголема шанса за една поинаква иднина.

Ц.С.И. Надеж Скопје е граѓанска организација, која активно се залага за подобрување на квалитетот на живот преку овозможување еднаков пристап до квалитетно образование и  социјална интеграција. Ц.С.И. Надеж, промовира и реализира активности за стекнување на вештини на младите и маргинализираните заедници со фокус на Ромите во Р.Северна Македонија.

Со цел да се остварат посакуваните цели и да се реализира предвидената програма, потребно е да  се соберат дополнителни средства и истите наменски да се употребат согласно поставените активности. Препознавајќи ја хуманата мисија на оваа организација и можноста за Ваша партиципација покажувате емпатија, блискост и одговорност. Секоја Ваша донација, ќе овозможи директна поддршка за едукацијата на 60 ранливи деца, на возраст од 5 – 14 години. Едукацијата ќе им помогнеме на новите генерации да ја градат својата иднина преку образование!

Главните активности на овој проект на Ц.С.И. Надеж Скопје се фокусирани на изучување на македонскиот јазик и исполнување на стандардот за упис во училиштата за 5 годишни деца, помош при пишување на домашните задачи, поддршка за читање, помош по математика за училишни деца, како и серија работилници на тема онлајн насилство кое особено таргетира сиромашни и ранливи деца,како и ментално здравје и благосостојба. Реализацијата е во Центарот за едукација на деца од ранливи групи, во најголемата ромска општина во Европа-Шуто Оризари, кој го води Здружението Ц.С.И. Надеж од Скопје.

Ц.С.И. Надеж работи со децата: ги подготвува и внесува на училиште, ги обезбедува сите потребни училишни материјали, овозможува дополнителна поддршка по училиштето и здрава ужина. Но, активностите паралелно се реализираат и со родителите, преку постојана комуникација и советодавна поддршка.

Со партиципацијата и поддршката на овој проект, станувате ДИРЕКТНИ ПРИЈАТЕЛИ И ПОМАГАТЕЛИ на децата и нивните семејства.

СО СЕКОЈА МАЛА ДОНАЦИЈА, … СМЕ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕДНА ХУМАНА МИСИЈА!

Донациите може да ги остварите со поддршка со храна (ужинки, сокчиња, овошје и сл.), школски прибор или со парични средства. Уплатата може да ја направите на следната жиро сметка :
Жиро сметка: 300000000661188
Банка: Комерцијална банка АД – Скопје

Или преку глобалната платформа GlobalGiving https://www.globalgiving.org/projects/give-60-vulnerable-children-education/

Related post