www.24vakti.mk

Студот во САД не попушта, северните делови и источниот брег ги очекува „циклонска бомба“

Студено време во САД

Екстремно студениот арктички бран на источниот брег на САД се очекува да се трансформира во „циклонска бомба“ во наредните денови, носејќи студ и мраз од Мејн на север до Флорида на југ, јавува американската Национална метеоролошка служба.

Екстремно студениот арктички бран на источниот брег на САД се очекува да се трансформира во „циклонска бомба“ во наредните денови, носејќи студ и мраз од Мејн на север до Флорида на југ, јавува американската Национална метеоролошка служба.

Студот, кој пред десетина денови блокира една третина од територијата на САД од државите покрај границата со Канада до Јужна Каролина и Џорџија, дојде од Сибир, зафати дел од Северниот пол и преку Гренланд се спушти до централен Атлантик покрај источниот брег. Населена со 180 милиони или речиси половина од вкупното население на САД, на оваа територија се измерни рекордно ниски температури незабележани во последните сто години.

Службите јавуваат за десетина смртни случаи како резултат од смрзнување поради изложеност на прекумерен студ.

Последица на оваа аномалија е формирање на зимски ураган над Атлантикот, неколку стотици километри источно од Делавер, кој се очекува утре да го погоди брегот на Нова Англија, носејќи силни виулици со густ снег. Метеоролозите овде овој временски феномен го нарекоа „циклонска бомба“, поради радикалното намалување на притисокот во областите каде беснее бурата над океанот.

– Тоа предизвикува експлозивна сила на урагонот која може да донесе ветришта и до 60 километри на час, засилувајќи го индексот на студенило повеќе од измерената темепратура, велат тие.

Имено, од Јужна Дакота до Њујорк, вакви рекордни ниски температури не се измерени во изминатите сто години. Во Њујорк на пример, на Тајмс сквер за дочекот на Новата Година беше измерена температура од минус 20 степени Целзиусови, првпат во сто години. Во Абердин, Јужна Дакота, пак, се измерени минус 36 степени, најниска температура измерена за Нова година во изминатите 99 години.

Исто така и северна Флорида е во исчекување на врнежи од снег. Службата предупреди дека зимски бури се очекуваат од Лејк Сити, Флорида до Норфолк, Вирџинија па се до Мејн на север. Од денеска навечер до утре претпладне снежни врнежи се очекуваат од Норфолк до плажите и крајбрежјето на државите Мериленд и Делавер. Снежната покривка овде може да достигне од 15 до 25 сантиметри.

Според компјутерските модели на метеоролошката служба, зимската бура го следи меѓудржавниот автопат 95, што се протега од север кон југ подлабоко во копното и го следи атлантскиот брег. Снежни врнежи се предвидуваат источно од Вашингтон и Балтимор до некои позападни градови како Кливленд, Индијанополис и Чикаго. Во сите овие градови се очекува снежната покривка да достигне десетина сантиметри,

Најпогодени вечерва може да бидат Атлантик Сити, Лонг Ајленд и Њујорк, каде покривката би можела да достигне 15 сантиметри. Додека во Бостон и државите Нова Англија и Мејн се очекуваат снежни бури и ветришта со потенцијал да соборуваат гранки и помали објекти, велат од службата.

Во северниот и североисточниот дел на САД циклонот се очекува да го достигне својот максимум во петок навачер кога повторно се очекуваат рекордно ниски температури од минус 17 до минус 10. Во многу градови живата на термометарот може да покаже рекорди незабележани во последните сто години, предвидува Националната метеоролошка служба.

Циклонот ќе загуби на сила во текот на викендот, а од понеделник се очекува затоплување.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime