Трик со кој ќе го освежите воздухот со помош на клима уредот

Топлите денови не можат да се замислат без клима уред. Тој го разладува приватниот и работниот простор и ви овозможува дневните активности да ви поминат полесно, а сонот навечер ви трае подолго и без прекин.

Но, освен што може да ви го разлади одредениот простор, важно е да знаете дека со помош на клима уред може да го прочистите просторот и да направите да мириса убаво.

За да биде исполнет со мирис просторот во кој секојдневно престојувате во летните денови, без користење на миризливи свеќи или апарати кои се приклучуваат во струја – може да искористите неколку парчиња хартија, секако во комбинација со клима уред.

Како со помош на клима уред да го исполните домот со омилениот мирис од природата

Под отворот од кој струи ладен воздух на клима уредот, со помош на самолеплива трака залепете парче хартија кое претходно сте го натопиле со омиленото етерично масло (не треба да се претера со тоа).

Струењето на воздухот и мирисните ноти ќе се шират низ просторијата. Може да си изберете мирис по желба, а доколку сакате опуштена атмосфера во вашиот дом, тогаш ве советуваме да изберете етерично масло од лаванда.

Исто така, важно е да знаете дека воздухот ќе ја прочисти просторијата доколку искористите еукалиптус и нане, додека пак сите етерични масла ќе придонесат во подигнување на расположението.

 

Извор:skopje24


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime