Утре се одбележува 38-от роденден на Тоше Проески

Во Крушево утре ќе се одбележи уште една годишнина од раѓањето на Тоше Проески.

Претпладне, во 11:30 ќе се положат цвеќиња на вечното почивалиште на Тоше, а од 12 часот ќе започнат низа настани во неговата спомен куќа.

Манифестацијата ќе започне со настап на Сотираки Чакалар, обраќање ќе има и градоначалникот на општина Крушево, потоа ученици од „Наум Наумовски Борче“ ќе читаат извадоци од песните на Тоше. Според агендата, настап треба да има и Марија Котеска, а по неа се обрати директорот на спомен куќата, ќе се доделуваат награди и благодарници, а на крај манифестацијата ќе заврши со настап на Елена Ристеска во чест на Тоше.

Организатори на настанот се: Општина Крушево, Спомен куќа „Тодор Проески“, Меѓународна фондација „Тоше Проески“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime