Филипче: Уште две лица тестирани за короновирус, едното е негативно, за второто има дополнителни тестирања

По вчерашниот случај со потврден коронаворус кај една пациентка, денеска уште две лица се тестирани на Инфективната клиника во Скопје, при што кај едното резултатот бил негативен, а кај второто лице е делумно позитивен и се прават дополнителни тестирања, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај е жена која со сопругот била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа“, рече Филипче во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Тој кажа дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале. Сѐ досега укажува дека лицата не биле во контакт со голема маса луѓе.

Филипче најави дека денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат преместени во центрите за изолација на инфективните одделенија.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime