Хелсиншки: Прилепско кафуле дискриминирало Роми на етничка основа

Хелсиншкиот комитет во извештајот за март за состојбата со човековите права објави дека Комисијата за заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација во пристап до добра и услуги врз две лица од ромска етничка припадност од Арт Кафе Апореа од Прилеп, врз основа на боја на кожа и етничка припадност.

Комисијата за заштита од дискриминација утврди директна дискриминација во пристап до добра и услуги сторена врз две лица од ромска етничка припадност од страна на Арт Кафе Апореа од Прилеп, врз основа на боја на кожа и етничка припадност. Ова е прво мислење на Комисијата за заштита од дискриминација (бр. 0801-1/3 од 15.03.2019) кое е донесено врз основа на спроведено тестирање на ситуација од страна на Хелсиншкиот комитет.

Тестирањето на ситуација претставува метод кој се користи во случаи на дискриминација во кои недостасуваат факти и докази и која е тешко да се докаже. Тестирањето на ситуација вклучува употреба на организирани актери или апликанти за да се истражи појавата на дискриминација во различни предмети, процеси и области по различни основи Овој метод се користи и за спроведување на истражувања чии резултати понатаму се користат за застапување или лобирање за промена на дискриминаторски практики или пак промена на законодавството, за зголемување на свесноста во јавноста околу постоење на определена дискриминаторска практика, како и за набљудување и документирање на состојбата со дискриминацијата воопшто.

Во конкретниот случај, се тестираше пристапот до добра и услуги како важен сегмент во социјалниот живот на лицата од сите етнички заедници. Ограничувањето на пристапот на Ромите до добра и услуги претставува повреда на правото на еднаквост на Ромите во споредба со останатите етнички заедници. На овој начин продолжува стигматизацијата и сегрегацијата на Ромите и отвора можност за постоење на дискриминаторска практика, доколку ваквиот третман е единствено насочен кон припадници на ромската заедница.

Со цел да се утврди ваква дискриминаторска практика, беше спроведено тестирање на ситуација во Арт Кафе Апореа Прилеп, преку кое се тестираше пристапот и квалитетот на услуга во кафе барот на Ромите, со поставување на компаратори – контролни тестери – односно лица кои не се Роми.

Спроведеното тестирање на ситуација покажа дека на тестерите од ромска етничка припадност им бил оневозможен пристапот во кафе барот. Имено, кога тестерите пристигнале пред кафе барот и согласно сценариото за тестирање се обиделе да влезат во објектот и да нарачаат пијалак, пред вратата на кафе барот биле пречекани од келнер кој не ги пуштил да влезат со образложение дека нема место. По прашањето на тестерите зошто не може да влезат во кафе барот и укажувањето дека има слободни маси на терасата на кафе барот, келнерот им рекол дека сите маси се резервирани и им повторил дека не можат да влезат. Од друга страна, контролните тестери, лица од македонска етничка припадност, изјавија дека оствариле пристап во кафе барот, односно на влезот на кафе барот биле пречекани од келнер кој ги прашал каде сакаат да седнат, ги придружувал до посакуваната маса и веднаш после нарачувањето ја донел нивната нарачка. Контролните тестери изјавија дека келнерот се однесувал љубезно и културно.

Ваквото ограничување на пристапот на лицата од ромска етничка припадност од страна на Арт Кафе Апореа Прилеп врз основа на нивната етничка припадност и боја на кожа претставува директна дискриминација во пристап до добра и услуги.

Препорака: Хелсиншкиот комитет го поздравува ваквото мислење на Комисијата за заштита од дискриминација, донесено во законски предвидениот рок, а врз основа на спроведено тестирање на ситуација, како метод за докажување на дискриминација. Апелираме Арт Кафе Апореа Прилеп во иднина да им овозможи непречен и еднаков пристап и квалитет на услуга на лицата од ромска етничка припадност. Дополнително, ги повикуваме сите граѓани кои се чувствуваат дискриминирани по која било основа, истото да го пријават во Хелсиншкиот комитет.

Целиот извештај е достапен на следниот линк.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime