Шкендија на тешко гостување во Норвешка во борба за групите од Лига Европа

Екипата на тетовска Шкендија вечерва од 20:45 часот го игра првиот натпревар од плеј офот од Лига Европа и тоа против првакот на Норвешка Розенборг.

Од редовите на македонскиот првак потенцираат дека противникот е фаворит, но сепак најавува борба на првиот дуел.

– Ние сме мотивирани да ја испишеме клупската историја и да покажеме дека нашиот клуб има европска вредност. Не би сакал да предвидувам резултат, но убаво би било да постигнеме гол и да не загубиме. Тоа ќе биде добар резултат за нас пред реваншот во Скопје, впрочем Розенборг е фаворит и сите знаеме дека не чека тежок натпревар, истакна еден од најдобрите играчи на Шкендија Бесарт Ибраими.

Покрај овој дуел попалднево и вечерва се играат уште 20 други од баражот од Лига Европа.

Реванш дуелите на програмата се на 30.август.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2017, Sa o nijamija si protektirime