Јавна трибина:Како и на кој начин институциите се справуваат со Родово базирано насилство.
Денеска во СУГС„Шаип Јусуф“ се одржа Јавна трибина на тема „Родово-базирано насилство“ во рамки на проектот „Таа може: стекнување вештини за економска независност” кој е финансиран од Германската фондација „Weltgebetstag“ .
Учество земаа ученици од 3та година од оваа училиште, Претставник од Центарот за стручно образование, Претставник од МВР сектор за превенција, Педагогот од училиштето и Претставници од ЦСИ „Надеж“.
“Доколку сакаме да живееме во демократско општество, неопходно е да се воспостави родова еднаквост, како еден од темелите на демократијата. Низа фактори влијаат на овој процес . Како општество кое промовира патријахални вредности и специфични родови улоги во семејството, за да ги постигнеме посакуваните резултати потребно е да започнеме со промени од семејните вредности , преку образовниот процес па се до кариерен и професионален развој на една личност. Концептот за родова еднаквост во Република Северна Македонија се уште останува поле на кое треба да се работи. Имено, жените се уште се соочуваат со нееднаквости во однос на можностите за вработување, добивање плата, права во бракот, дистрибуција на ресурси, права и моќ“, велат организаторите на трибината.
На самата трибина, беше претставено и едукативно видео на темата.
Фотогалерија