Јовиќ го навлече гневот: Побегнал од самоизолацијата во Мадрид и пристигнал во Белград

Во повеќето тимови на Реал Мадрид беше донесена одлука играчите да се самоизолираат откако членот на кошаркарскиот тим, Треј Томпкинс беше позитивен на коронавирусот.

Сите фудбалери на Реал Мадрид беа ставени во домашен карантин затоа што ги користеле истите справи во вежбалницата, а како што и Јовиќ призна го користеле и истиот базен како заразениот кошаркар.   Превентивно играчите требаше да останат две недели во карантин, меѓутоа истиот не е почитуван од Лука Јовиќ.

Како што јавуваат српските медиуми, Јовиќ се вратил во Белград на роденденот на својата девојка. Јовиќ шетал по белградските ресторани и бил во контакт со други луѓе, а тамошниот медиум „Б92“ јавува дека овој негов потег ја налутил и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

– Постојат примери на фудбалери кои имаат милионски договори во странски земји, а доаѓаат овде и не се во изолација. Ќе си имаме работа со нив, -кратко порача премиерката на Србија.

Се очекува Јовиќ да добие казна и од Реал Мадрид затоа што ја прекршил самоизолацијата која требаше да трае 14 дена.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime