Филипче: Границите ќе се отворат кон средината на јуни

Во вечерашното гостување во Телевизија 24, министерот за здравство Венко Филипче информираше дека македонските граници најверојатно ќе се отворат кон средината на јуни.

Тој смета дека било каде може да се оди доколку се внимава на превентивните мерки. Се додека се одржува дистанца и се носат маски. Сите земји веќе ги имплементирале овие мерки, потенцираше Филипче.

„Направивме еден процес на соработка со Грција. Разменивме искуства како се одвиваше епидемијата, разменивме искуства за тоа каква е ситуацијата со бројот на пациенти. Во Србија има пораст на пациентите изминатите неколку денови. Во Босна и Херцеговина исто така. И сега ние мора да настапиме заеднички, координирано, затоа што има некои отворени прашања кои се многу важни. Прво, дали ќе се бараат тестовите тогаш кога ќе се отворат целосно границите. Понатаму, како ќе се поминуваат границите – каков ќе биде начинот и третман ако некој заболи. Со министерот за здравство на Грција разговаравме да се олесни практичното преминување на граничниот премин да нема долго чекање. Заради тоа што тие колони и излегувањето на патниците надвор од возилата во тие летни месеци е некаков ризик“, рече Филипче.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime