6 ПОЧИНАТИ, 128 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ОД 1.025 ТЕСТОВИ, 137 ОЗДРАВЕНИ

Во изминатото деноноќие починати се 6 лица од компликации од коронавирус, четворица пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.), сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Од  1.025 тестирања регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:

-Скопје 108
-Куманово 2
-Прилеп 1
-Тетово 11
-Велес 1
-Битола 3
-Гостивар 2
-Кочани 2
-Кичево 2
-Ресен 5

Досега во земјата се направени вкупно 96.194 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупнo ковид дијагностицирани во земјава има 10.213, од кои оздравеа 5.564, починаа 466, а активни се 4.183.

Последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје 4660, активни 1876

• Куманово 991, активни 284

• Дебар 192, активни 124

• Штип 761, активни 409

• Прилеп 324, активни 53

• Тетово 998, активни 278

• Струга 416, активни 206

• Велес 212, активни 20

• Битола 116, активни 59

• Охрид 262, активни 111

• Кавадарци 48, активни 31

• Гостивар 385, активни 234

• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 35, активни 24

• Крива Паланка 22, активни 8

• Радовиш 28, активни 23

• Крушево 15, активни 9

• Кочани 95, активни 23

• Пробиштип 48, активни 29

• Демир Хисар 24, активни 22

• Македонски Брод 15, активни 11

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 7, активни 3

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 13, активни 8

• Свети Николе 217, активни 189

• Кичево 120, активни 90

• Ресен 143, активни 40

• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со ПЦР метода -113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 265

• Аеродром – 207

• Бутел – 133

• Гази Баба – 193

• Центар – 150

• Карпош – 164

• Сарај – 109

• Кисела Вода – 183

• Ѓорче Петров – 129

• Студеничани – 93

• Шуто Оризари – 120

• Арачиново – 36

• Илинден – 23

• Петровец – 20

• Чучер Сандево – 12

• Сопиште – 22

• Зелениково- 7

• Странец – 8

• Нераспределен- 2


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime