80 отсто од свештениците во Ватикан се геј, се тврди во нова книга

Францускиот новинар и писател Фредерик Мартел напиша книга во која тврди дека 80 отсто од свештениците во Ватикан се геј, пренесува Гардијан.

Книгата од 570 страници новинарот ја напишал по четири години истражување, а станува збор за „вџашувачко тврдење за корупцијата и лицемерието во срцето на самиот Ватикан“, наведува неговиот британски издавач Блумзбери.

Книгата „Во ватиканскиот ормар“ (In the Closet of the Vatican) ќе се појави во книжарниците следната среда, а ќе биде преведена на осум јазици.

Мартел, поранешен советник на француската влада, направил 1.500 интервјуа со свештеници. Разговарал со 41 кардинал, 52 бискупи, 45 ватикански дипломатски службеници, 11 припадници на швајцарската гарда и со над 200 свештеници.

Многумина од нив му спомнале едно интересно непишано правило: колку свештеникот повеќе јавно изразува хомофобни ставови, толку е поверојатно да е геј.

Мартел тврди дека еден колумбиски кардинал, покојниот Алфонсо Лопез Трухијо, бил главен заговорник на црковното учење за гревот на хомосексуалноста и контрацепцијата, а истовремено користел услуги на машки проститутки.

Авторот во книгата спомнува и дека некои свештеници ја прифатиле својата хомосексуалност, некои практикувале дискретни врски со други мажи, некои преферирале повремени средби, а некои ја негирале својата хомосексуалност.

Иако авторот во книгата не ја поврзува хомосексуалноста со сексуалното малтретирање деца, тој опишува став меѓу свештенството кој овозможува услови во кои не се процесира малтретирањето.

Според промотивниот материјал на Блумзбери, книгата открива тајни за целибатот, мизогинијата и заговорите против папата Франциско, како и „клерикалната култура на таинственост која се усвојува на самиот почеток и продолжува во Ватикан“.

Папата Франциско со својот мек став кон хомосексуалците ги вознемири конзервативните критичари во Ватикан. Само неколку месеци откако беше прогласен за папа, им кажа на новинарите кои се распрашуваа за геј свештениците: „Ако личноста е геј, и искрено и со добра волја го бара Бога, кој сум јас да судам?“

Книгата ќе биде објавена истиот ден кога почнува конференцијата за сексуалното малтретирање во Ватикан.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime