Nadir Redzepi

BUTE BERSHENGE AMARO ROMANO DIVE!!!

Kolumna

НАШИТЕ МИСЛИ СТАНУВААТ ЗБОРОВИ

НАШИТЕ ЗБОРОВИ СТАНУВААТ ДЕЛА

НАШИТЕ ДЕЛА СТАНУВААТ НАВИКИ

НАШИТЕ НАВИКИ СТАНУВААТ ВРЕДНОСТИ

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ СТАНУВААТ НАША СУДБИНА

 

Среќен 8ми април на сите Роми низ целиот свет! Денес е ден кој не соединува под една идеа, под едно знаме и химна  со порака за мир и слобода на сите, за ослободување од многу вековната стигма и стекнување достоинствен живот за следните генерации.

Минатата година, 8 април 2019 го одбележавме во македонскиот парламент. Имавме чест поздравни говори да дадат Премиерот Заев, Вице-премиерот Османи и Амбасадорот на ЕУ – Жбогар. Одлично организиран настан од страна на РомаВерзитас студентите, за кој не потрошија ниту еден денар. Настанот беше организиран професионално, свечената сала беше исполнета до последното место од претставници на диполоматскиот кор, пратенички групи, студенти, активисти, медиуми.

Светскиот Ден на Ромите оваа година го одбележуваме во сосем различит контекст и амбиент! Не само во Македонија, туку низ цел свет нашите манифестации ќе имаат друг формат! Најголемата придобивка на мирот – слободата на движење е сега ограничена за сите, без разлика дали се Роми или не-Роми. Едно е јасно, цел свет ја живее истата нова реалност. Сведоци сме на уникатен момент на трансформација на нашето секојдневие во кој моќта на хиерархијата (богатите) е очигледно неефикасна. Одредбата за социјално дистанцирање, која е всушност мерка за физичко дистанцирање, е во интерес на нашето здравје. Цената на оваа мерка ја плаќа цело општество, иако таа е различна, зависно од социјално-економскиот статус на граѓаните. Релативно растеретени од дневна политика, нашите социјални интеракции се префрлија на виртуелно ниво. Социјалните интеракции меѓу луѓето всушност се зголемија. Сега кога сме сите дома, имаме доволно време да се поврземе со нашите роднини, пријатели и соработници преку интернет. Никнуваат многу идеи, нови иницијативи и мрежи кои сакаат да слушнат и разменат информации и искуства од локално ниво. Охрабрува фактот што дискусиите имаат стотици учесници, се дебатира за многу теми и се бараат решенија за новонастаната ситуација. Локалното стана хипер активно и како такво бара решенија за функционалноста на локалното секојдневие.

Во новата реалност нашата порака останува иста, добронамерна и искрена кон сите што се заинтересирани за нашата кауза. Во овие тешки и секако важни денови многу е потребно да бидеме кохерентни во нашите размисливања и дела со вредностите на Светскиот Ден на Ромите кои беа формулирани во 1971 година. Кохерентноста е централна тема за интегрирање на нашите идеи и активности, со цел брзо и ефикасно да маневрираме и се прилагодиме во посторот и времето на новата реалност. За да бидеме кохерентни со универзалните пораки на Осми Април треба да користиме соодветен јазик (наратив) кој анализира од глобална перспектива. Глобалната перспектива е по правило прифатлива и разбирлива затоа што наративот е универзален за секој човек – слобода, право на достоинствен живот и уживање на човековите права.

Ковид-19 нема етничка, класна, национална или религиозна димензија. Не познава граници и категории кои ние како луѓе сме ги конструирале низ историјата на нашата цивилизација. Поради тоа кохерентноста и универзалниот наратив треба да доминира во нашите аргументи во ова време-невреме. Хоризонтот на Осмо-Априлските пораки содржат долгорочна визија за нашата иднина. Тие се засновани од нашето илјада годишно живеење и сведоштво на  мрачните денови и години во Европа. Нашиот скоро 50 годишен стремеж, во кој еманципацијата е основен темел-двигател на нашите идеи, дела и барања кон државотворните нации, дава резултати и напредок. Прогресот е можеби минимален во обем, но од друга страна има континуитет и јасно зацртана цел – излез од сиромаштијата и неукоста. Паралелно нашите интелектуалци и лидери се поефикасно се борат против  дискриминацијата и белиот расизам.

Повикот од Лондон во 1971 за интеграција во мнозинските општества на мирен и цивилизациски начин е единствен пример во историјата на човекот. Денес се потсетуваме и секако потсетуваме не-Ромите дека ние, како нација без сопствена држава сме истрајни во нашите определби за интегриран и достоинствен живот на ромската популација. Тоа е порака која ја пренесуваме од генерација на генерација, дека сме граѓани на светот и дека територијата со граници за нас нема смисол ниту е наша цел. Нашата слобода, исполнета со радостите на животот не се врзани со одредена територија. Трансгенерацискиот код на ромското битие остави траги низ целиот свет, во литературата, музиката, сликарството, историјата на уметноста и културата без разлика на политиките и односот на не-Ромите и нивните територијално дефинирани институции.

Ромската мудрост и вештини помогнаа на многу претходни генерации да преживеат и опстанат во многу потешки времиња, години на прогони, убиства, тортура, лов, стерилизација. Како што претходно напишав во една од моите колумни, Осман Балиќ кажа дека и покрај лошото минато Ромите не се откажаа од човечноста и човечкото во нашата култура на живеење. Ги сочувавме јазикот, традицијата, обичаите, музиката, играта и литературното творештво насекаде низ светот. Тоа го направивме без државни институции, со скромни средства но со многу труд, љубов и посветеност. Во последните три децении бројот на образовани Роми е во константна нагорна линија. Во Македонија имаме плејада на дипломирани магистри и неколку докторанти, дел сме од политичкиот плурализам кој ни донесе обврски и одговорност во државните институции. Сето тоа го остваривме за помалку од две децении благодарение на влогот на политичките партии, граѓанските организации и секако ромските семејства кои вложија во образованието на своите деца. Нашите капацитети за само-организирање се далеку поефикасни и потранспарентни споредено со минатото. Радува фактот што само-организирањето и иницијативите ги поврзуваат новата генерација на ромски лидери и активисти со нашата дијаспора. Солидарноста и грижата за своите доаѓа од Германиа, Швајцарија, Австрија, Франција, Италија, Шведска итн. Таа беше сите овие години присатна но овој пат е структуирана низ дијалог и спремност да се слушне секој предлог. Некој ќе сака да ја нарече нова вредност во нашето само-организирање. За мене тоа е еволуција на ромското движење и идеал за подбар живот. Тоа се обрасци на делување и зреење на повеќе нивоа и структури кои поттикнати од новата реалност на пандемијата отворено прашуваат како ќе изгледа демократијата после пандемијата.

Оваа година пандемијата не ни дозволи да бидеме физички заедно но сигурно неможе да не спречи да го славиме и одбележиме денот на нашето знаме и химна. Социјалните мрежи ќе пренесуваат честитки масовно низ целиот свет. Симболичната порака за мир со фрлање на цвеќе во водите на реките и морињата ќе не поврзе и оваа година. А солидарноста, кохерентноста и и посветеноста на сегашната генерација на лидери дава гаранција и надеж дека сме на вистинскиот пат на нашата само-еманципација. Само така ќе стигнеме до целта.

Април 2020

https://4rrr.wordpress.com/2020/04/06/bute-bershenge-amaro-romano-dive/


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime