Sali MemedApril 22, 2019
qqqqqqqq.png

1min122

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните. Тој не сакеше да ги коментира изборните резултати по општини, но рече дека на ваквиот резултат влијаеле тешки политички одлуки кои биле донесени изминатите 2 години. Рече дека неговиот концепт ќе победи, без оглед на опозициските прозивки и ги повика уште еднаш гласачите на Река, да дадат поддршка, за како што рече, европски концетпт, а не деструктивен, каков што нудела Сиљановска.

„Не можам да кажам дали некој од коалиционите партнери не си ја завршил работата како што треба, затоа што за тоа треба подлабока анализа, но знаете ние имавме тешки политички одлуки: Договорот со Грција, Договорот со Бугарија и Законот за јазиците, кои не беа популарни кај граѓаните и тоа имаше влијание, но тоа моравме да го направиме заради европскиот пат на земјата. Ние ја разбираме пораката од граѓаните, а тоа е дека дел од нив не се задоволни од одредени економски проблеми, локални нерешени прашања, затоа што зад мене застанаа политички партии и можеби незадоволството се должи на нешто што го очекувале граѓаните, а не го добиле од политичарите. Не сум изненаден од резултатот и анкетите покажаа вакви тенденции, но сепак, се надевам дека гласачите ќе го препознаат мојот концепт и ќе ми ја дададт поддршката во вториот круг“ изјави Пендаровски.

На прашањето дали има договорена политичка поддршка од албанските опозициски партии, Пендаровски рече дека такво нешто нема и дека очекува секогаш за него да гласаат како личност и да биде исклучено тргувањето со гласовите.

„Таков договор засега нема, а се надевам дека нема ни да се прави. На мене не ми требаат гласови со пазарења, туѓа ми е таквата теза, затоа што по природа сум таков. Нека си гласа секој по свое убедување, а мотивот нека им биде програмата што им ја нудам“ додаде Пендаровски.

Тој не очекува бојкот во вотриот круг и се надева дека ќе има цензус за успешни претседателски избори.


Sali MemedApril 21, 2019

1min85

Avdije ikergepe o Prezidenska alusariba 2019 kote so sine kandidatija o Stevo Pendarovski taro SDSM , Blerim Reka teloikerdo taro Alijansa bashi albancija thaj I BESA sar thaj Gordana Jankulovska taro Vmro Dpmne iklojbe aso RAK dzi ko 18:30 si 39 71% 698.384

Ki komuna Shuto Orizari dzi ko 18:30 iklile 20.84% 4942

Diken pobuer ko live stream direktno taro Rashtrakiri alsaribaskiri komisija


Sali MemedApril 21, 2019
DIK.jpg

1min52

Од податоците добиени од 79,73 отсто од избирачки места, излезноста на гласачите до 17 часот била 35,13 отсто, соопшти попладнево ДИК. За споредба, излезноста до 15 часот изнесуваше 28,89 отсто.

Најголем одзив на гласачите – над 50 отсто, има во општинте Крива Паланка, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Новаци, Прилеп и Вевчани.

Најслаб останува одзивот во Липково – 13,55 отсто, во Желино – 13,62, во Центар Жупа – 12,67 и најмал во Пласница – 12,04 отсто.

Во општините Охрид, Ново Село и Дебар, покрај претседателски, денеска се одржуваат избори за нов градоначалник. Во Охрид излезноста до 17 часот е 44,74 отсто, во Ново Село 41,93 отсто и во Дебар 36,31 отсто.

Се очекува изборниот ден во 19 часот да заврши мирно, како и што започна.

Набљудувачите на изборите бележат случаи на граѓани кои биле оневозможени да го остварат своето уставно право на глас, поради тоа што ги немало на избирачкиот список. Најчесто станува збор за лица кои во периодот на затворањето на Избирачкиот список имале лични документи со истечен рок. Регистрирани биле и изолирани случаи на агитација за одреден кандидат или лепење плакати на кандидатите, но тие биле навреме отстранети. Во полицијата било пријавено дека комби возило кружи во скопската општина Ѓорче Петров и преку разглас ги повикува граѓаните да ги бојкотираат изборите. Од МВР била испратена екипа на терен за да потврди дали има такво нешто.


Sali MemedApril 21, 2019

1min97

I Rastrakiri alusaribaskiri komisija ki pres konferencija ko 17:30  dakikija lipargja o evidentija bashi ikljoba dzi ko 17:00 o ari bashi prezidenstska alusariba ki sasti utarali Makedonija iklile  34,20%     avazija dzikote  ki komuna Shuto Orizari plo avazi dzi mo 17:00 dengje 16,98%    O Alusariba shaj te den plo haango dzi ko 19:00 o ari kote so panjola o Avgo rota bashi Prezidenstka Alusariba dzikote o konechna evidentija ka oven havljarde taro RAK  palo 19:30 ari kana ka iklon press konferencijaja bashi neoficijalna evidentija.

Akava bersh sar noviteti si so o alusarbaskere odborska thana trujal Viber ka bidzalen o zapisnikija taro nakle alusariba odma palo gejniba dzi ki Raštrakiri alusaribaskiri komisija palo odova lileja ka ingaren dzi ko komunakere alusaribaskiri komisija, sar atesti bashi nakle alusariba.

Diken ko Video Pobuter live stream tari Pres Konferencija taro RAK ja Raštrakiri alusaribaskiri komisija….


Sali MemedApril 21, 2019
Izlezenost-do-13-00.png

1min146

Aso evidentija taro Themutni alusaribaskiri komisija dzi ko 13 o Ari ko Shuto Orizari Iklile 8.62% taro avazidejbaskere manusha ja taro 23 711 kobor so isi ko evidentno lil dzi ko 13:00 o ari 2o45 avazija iklile te den plo avazi ko 36 alusaribaskere thana.

Dzikote ki sasti Makedonija izlezenost dzi ko 13 o ari si 19 89%  ja taro 1.733.331 avazi denge 344.784 manusha.


Sali MemedApril 20, 2019
glasanje-glasac-izbori-1.jpg

1min60

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 проценти од вкупниот број на гласачки места во Република Северна Македонија.

Од граѓанската иницијатива соопштија дека нивните набљудувачи се статични, и ќе ја следат постапката на гласање во текот на целиот ден. Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на Државната изборна комисија.

Покрај утрешното гласање, МОСТ денес го набљудува и предвременото гласање на болните и немоќни лица, внатрешно раселените лица и лицата во затвор или притвор.

Жолтите маички со кратки ракави, на кои на предната лева страна стои логото на МОСТ и е испишано “Monitoring 2019“, овластувањата од МОСТ и акредитациите од ДИК, истакнати на видно место, ќе бидат препознатливиот белег на граѓаните кои како домашни набљудувачи се дел од тимот за набљудување на Граѓанската асоцијација МОСТ. Обележјата на набљудувачите оваа година се разликуваат од тие од претходните години. МОСТ потенцира дека набљудувач на организацијата е единствено оној граѓанин кој носи маица, овластување и акредитација исклучиво за овие избори.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

Проектот „Домашно набљудување на претседателските и локалните избори за градоначалник во Охрид, Ново Село и Дебар 2019“ е поддржан од: Британската амбасада Скопје, Амбасадата на Кралството Холандија, Националниот фонд за Демократија (НЕД) како и од страна на Проектот на УСАИД за граѓанско учество.


Sali MemedApril 20, 2019
guguceska.jpg

1min74

Најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништа (ДКП) во Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти, соопшти портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

Како што рече Гугуческа на првата прес-конференција за изборите, гласањето се одвива тековно и без проблеми. Излезноста во ДКП-ата во Будимпешта е 18,75 проценти, во Брисел 18,37, во Загреб 16,67… Излезноста во ДКП-ата до 18:30 часот во Канбера е 38 отсто додека во Мелбурн 57,58 проценти. Гласачките места во САД и Канада ќе бидат отворени во 19 часот.

-Вкупно 3.150 домашни и 419 странски набљудувачи, како и 20 странски новинари го следат гласање за претседателските избори во земјава, нагласи Гугуческа и потсети дека  право на глас имаат 1.808,131 граѓани, а во 32-те дипломатско конзуларни претставништа се пријавиле 1.781 гласач.

Одговорајќи на новинарско прашање, портпаролката на ДИК информира дека денешното гласање во затворите се одвива не пречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти.

-Во 13 КПУ право на глас имаат 1.640 лица. Сите места се отворени на време и гласањето тече без никакви проблеми, истакна Гугуческа.

Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.

Новина е и тоа што за граѓаните со оштетен слух ДИК го отвора телефобнскиот број 076/488-360 на кој преку видео повик ќе биде одговорено секое прашање.

-Ги потсетувам граѓаните дека на 0800 555 444 ќе може да се јават да постават прашање во врска со гласањето, рече Гугуческа.

Следната прес-конференција ДИК ќе ја оддржи вечер во 20 часот и на неа се очекува да бидат соопштени до тогаш сумираните гласови од дојаспората во Европа и Австралија како и од затворите.


Sali MemedApril 20, 2019
guguceska.jpg

1min22

Веќе се отворени гласачките места во 32 наши дипломатско конзуларни претставништва во странство каде што 1.781 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаат можност да го остварат своето гласачко право. Исклучок се само гласачките места во САД, кои ќе бидат отворени во 7 часот, согласно временската зона на ДКП.

На гласачките места во 13 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 1.640 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. До овој момент гласањето тече без проблеми.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица ќе можат да го остварат и 7 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Република Македонија ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 3.539 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни, како и 12 граѓани кои се пријавиле за гласање, а се во куќен притвор.

За прв пат гласаат и гласачи во два старечки дома. Гласачките места се отворени и таму, а 71 гласач ќе имаат можност да гласаат.  Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми. Државната изборна комисија издаде акредитации за набљудување на 3.150 домашни, 419 странски набљудувачи, 289 преведувачи и 20 странски новинари.

ДИК во пресрет на Претседателските избори 2019 ја спроведе едукативната кампања „Глас по глас“ во чиј склоп го организираше и едукативниот караван кој посети 15 градови низ државата. На караванот беа поделени едукативни и информативни материјали за заинтересираните граѓани, кои содржат информации за начинот на остварување на избирачкото право, постапката за гласање, како и забраните на гласачките места. Ова е кампања од јавен интерес, па во таа насока изразуваме благодарност за медиумите кои ја поддржуваат.

 

Во оваа прилика сакаме да ги потсетиме гласачите дека, согласно Изборниот законик и упатството донесено од Државната изборна комисија, своите гласачки ливчиња треба да ги обележуваат со заокружување на редниот број пред кандидатот за кој што сакаат да гласаат, со хемиско пенкало во сина боја. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 444, на кој заинтересираните граѓани можат да се јават и да постават прашање или да остават коментар до Државната изборна комисија, заедно со своите податоци за контакт, на кои би добиле одговор на поставеното прашање. Новина која ја воведуваме во однос на комуникацијата со граѓаните е тоа што за граѓаните со оштетен слух и говор на денот на изборите активен ќе биде телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на македонски знаковен јазик. На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.



Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime