Sali MemedJuly 25, 2020
dik-sednica-15.03.2020.jpg

1min40

Државната изборна комисија на денешната 80 седница ги објави официјалните и конечни резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули.

Според комисијата, Коалицијата „Можеме“ предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија освоила 327.408 гласови (35,89%) со што освоила 46 мандати, додека коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 315.344 гласа (34,57%) односно 44 мандати.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) освоила 104.699 гласа, (11,48%) односно 15 мандати, додека Алијанса за Албанците и Алтернатива освоила 80.000 гласови (8%) односно 12 мандати.

Левица влегува во парламентот со освоени 2 мандати, односно 30.426 гласови (4,1%), а Демократската партија на Албанците (ДПА) со 13.930 гласови (1,53%) освои 1 мандат.

Од преостанатите партии, за „Интегра“ гласале 12.291 граѓани (1,35%), ГДУ освоиле 3.555 гласови (0,39%), МОРО освоиле 3,245 гласа односно (о,36%), за Глас на Македонија гласале 2,800 (0,31%) од граѓаните, додека за Единствена Македонија гласале 2,600 гласачи (0,29 проценти).

За СДУ освоиле 2.585 гласови, односно (0,28), за Твоја Партија гласале 1.894 граѓани (о,17%) додека за Народната партија на Ромите гласале 1.225 граѓани (0,13%)

Со усвоените резултати од денешната седница се финализира избирачкиот процес, а уверенијата за освоените мандати ќе бидат врачени на свечената седница во Собранието која ќе се одржи денес.

Како што соопшти претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, бројот на важечки гласачки ливчиња е 912.186, додека бројот на неважечки е 31.564 ливчиња.


Sali MemedJuly 12, 2020
dsr4.jpg

2min54

Sajdime Romalen,

Erat agorkerela i alusaribaskiri kampanja. Ko naklo vakti sine amen šajdipe te prezentirina amari alusaribaskiri zor amare Romenge.E Romengere demokratikane takatija si koalicijakere partnerija e partijasa VMRO DPMNE e koalicijasa baš Makedonijakoro nevarkeribe.

Amen sijam ko akava niče soske o Roma line pobut pozitivnikane bukja. Te da tumen godi, leljam majbaro numero bukjarne thana ki sahni Makedonija, leljam šajdipe te khuva ki raštrakiri administracija, taro 2006 berš sare nišankeraja e Romengoro maškardzijaneskoro dive 8-to april, avgo drom ki komuna Šuto Orizari avdive isi amen maškaruni sikljovni thaj panda javera bukja.

Akana isi amen šajdipe te kontinuirina sa adava thaj te kera sa amare nijamija sar jeka jek dzijani ki akaja phuv thaj te ovel amen sa so preperela amenge. Adaleske, akharaja sa e Romen ko 15 juli, trito dive taro kurko, te sajdinen o arakhibaskere napija, te ikljon ko alusaribaskere thana thaj te istemalkeren pumaro avazideibaskoro nijami, avazi baš Makedonijakoro nevarkeribe, avazi baš pošukar avutnipe e Romenge ki Makedonija.

 

Почитувани Роми ,

Вечер завршува изборната кампања. Во престојниот период имавме можност да ја презентираме нашата изборна заложба за нашите Роми. Демократските сили на Ромите се коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ коалицијата за обнова на Македонија, ние застанавме во овие редови затоа што оваа наша коалиција им донесе многу позитивни работи за Ромите во Македонија.

Да ве потсетиме, остваривме голем број на вработувања на Ромите низ цела Македонија, обезбедивме пристап во јавната администрација, од 2006 година сите заедно го одбележуваме меѓународниот ден на Ромите, за прв пат денес имаме во нашата општина Шуто Оризари средно училиште и низа други работи. Сега имаме можност да продолжиме да ги остваруваме нашите права и да го имаме сето тоа што како рамноправен народ во оваа земја ни припаѓа.

Поради тоа сите Роми ги повикуваме на 15 јули, во среда, да ги почитуваат мерките за заштита, да излезат на гласачките места и да го остварат своето право на глас, глас за обнова на Мекедонија, глас за подобра иднина на Ромите во Македонија.

 

 

 


Sali MemedJuly 12, 2020
Izbori-1-700x467-1.jpg

5min50

Nedela 12 07 2020 bersh ko www.24vakti.mk thaj ko YouTube 24vakti.mk
– Ka dikhen intervjua taro kandidatija bashi deputatija ko Parlamenti ko RSM ki alusaribaskiri jekhin 2
– Asan Ferat – Kandidati bashi deputati tari koalicija MOZEME
– Ljatifa Shikovska- Kandidati bashi deputati tari koalicija MOZEME
– Gege Demirovski- Kandidati bashi deputati tari Narodno partija e romengiri
– Erdzan Demir – Kandidati bashi deputati tari koalicija OBNOVA ZA MAKEDONIJA

DIKHEN PREMIERNO INTERVJUA taro 18:00 o saati
ko www.24vakti.mk ka muka taro jek puti premiera sa o intervjua ko 18 : 00 o saati

Dikhen amen !!
Keren share.subscribe sar thaj khuven chitinen informacije hem dikhen video informacije ko www.24vakti.mk

Ko akala linkija shaj dikhena premierno o Intervjua:

 

 

 


Sali MemedJuly 11, 2020
52107422_303.jpg

1min62
Phanda duj  dive ka ovol o angloalušaribaskiri kampanja bašo parlamentarna alušariba kola ka oven sreda.

Avdije thaj tajsa o politička partiie ka roden i pakajaviba taro dizutne, a nedela rakate ka nastapinel o molk.

Ko 13 juli (ponedelnik) ka alusarinen o manuša soj tane nasvale tar Kovid-19 thaj soj tane ki samoizolacija, ko 14 juli (vtornik) o nasvale, hronično nasvale thaj manuša ko zatvor thaj kerutno zatvor.

Ko 15 juli, sa o 3.840 izborno than ka oven dezinficirime taro DIK. Soglasno taro protokolia, sekoj jek tano trebela te ikerel distanaca taro duj metre, Ket ka kuvel ande trebela te dezinficirinel pe vasta thaj trebela te ovol le maska.

15 Juli nakerelapes buti.


Sali MemedJuly 7, 2020
357507-0.basic-segaevreme.jpeg

1min52

Коалицијата „Сега е време” предводена од Зијадин Села и Африм Гаши, заедно со кандидатите за пратеници од Изборна единица 2 Елми Азири, Сафије Садики-Шаини и Бујаре Абази ги посетија граѓаните на Визбегово и Шуто Оризари.

Коалициската делегација „Сега е време” зборуваше за програмата и политичката визија, но и за различно управување со ветувањето дека достоинството и изгубената вера ќе бидат обновени, бидејќи владата на АА-ААА ќе ја направи својата програма реалност.

Села и Гаши ветија решавање на проблемите со училиштето во Визбегово, но ветија и капитални инвестиции во инфраструктурата и креирање работни места.

Кандидатот од Куманово, Елми Азири, пред жителите на Визбегово и Шуто Оризари, вети дека ќе го реши проблемот со легализација на имотите, што е многу сложен проблем и не се решава со децении


Sali MemedJuly 7, 2020
Nadir.jpg

20min93
Процесот наречен парламентарни избори има старо-нови играчи. Ништо чудно, ниту нешто
ново за нашата мимикрирана демократија. Зависно од тоа дали сте оптимист или песимист,
партиски определен или неопределен, на 15 јули имате право на избор – да гласате или
апстинирате. Последователно, една од претпоставките за оние што ќе гласаат е дека веруваат
или знаат што ќе добијат од кандидатите, додека оние што ќе апстинираат е можно да не
веруваат на оваа политичка понуда или пак воопшто не ги интересираат изборните процеси во
земјата.
Во досегашните изборни циклуси ромската популација има етикета за ефтино (про)даден глас.
Типично за една чоровинска земја, која си игра држава, никогаш етикетата и одговорноста не е
залепена кај партиите и нивните малверзанти кои како купувачи на гласовите се главните
генератори на овој феномен. Јавна тајна е дека не се продаваат само ромски гласови во ова
општество.
Поданиците на големите партии суптилно тргуваат со својот гласот и како размена
за возврат добиваат вработување за член од семејството, некоја бизнис зделка или
привилегиран статус до центарот на моќта. Меѓу поданиците има послушници кои се
активираат по потреба и по желба на привремено глорифицираните лидери. За жал, или пак за
среќа, ваков феномен на глорификација од масовен карактер не се случува меѓу ромската
популација.
Типично за нас, ние останавме оригинални приврзаници на локалната
демократија во која довербата и недовербата се производ на нашите информации од прва
рака. Сето она што е далеку од нашето блиско опкружување, како на пример семејството,
роднини, соседи, пријатели, улични познаници, тешко добива поддршка, се додека некој
„наш“ не ни каже дека треба да се гласа за некоја неромска опција.
Е сега, тој „наш“ човек неретко е соработник или припадник на одредена политичка опција на мнозинските партии,
така да нашето локално демократско миље станува дел од агендите на мнозинските интереси.
Тука мора да дообјаснам дека иако сме дел од агендите на големите политички партии,
големите интереси имаат делумно познавање за нашите реални потреби и интереси. Тоа по
некоеси правило е секогаш така, во ситуација кога малиот интерес мора да биде дел од
големиот интерес, поради фактот што сме бројчано мала и економски сиромашна заедница.
Како последица на ваквиот однос, три децении ромските гласови завршуваат на контото на
СДСМ и ВМРО.
Резултатите од ваквото однесување со ромските гласови се денешната
ситуација и позиција на ромите во Македонија, во кој еден „наш“ трча на избори во името на
ромите, двајца во редовите на ВМРО и дури четворица за СДСМ. Проценките или
претпоставките се дека едно место од „нашите„ има гарантирана позиција за пратеничко
место додека останатите ќе мора да ги почекаат резултатите на 16 јули.
Политичките партии и нивните симпатизери истрчаа скоро половина од изборната кампања,
овој пат под услови на пандемија. Ретка комбинација на политички заболено општество и
глобална пандемија од невидени размери. 1578 кандидати од 4 коалиции и 11 партии се
политичката понуда во ова лето господово, кои врз основа на минатото ќе ни ветуваат иднина,
која по правило треба да биде посветла и подобра од минатото. Ако ова нешто ви значи, треба
да знаете дека на листата има дури 11 кандидати на 19 годишна возраст.
Најстариот тркач за пратеничко место има 87 години. Просечната старост на кандидатите е 42,6 години.
Политичката култура и реторика во оваа кампања имаат своја 30 годишна константа. Тоа е така
поради доминацијата на СДСМ и ВМРО и нивниот типичен вокабулар составен од
самофалење, ветувања за подобар живот и омаловажување на противникот. Како додатен
инструмент за дискредитација на противникот секој ден се објавуваат прислушкувани
разговори за едната или другата страна. Никој не знае кој прислушкува и објавува телефонски
разговори во оваа држава затоа што институциите ни се парализирани за време на изборни
кампањи. Додатно се непродуктивни поради Ковид-19.
На митинзите половина од времето во дискусиите се троши на оцрнување и дисквалификација
на спротивната страна. Тоа се реакции на реакции, коментари на коментари, критика на
критика и се така во недоглед, без разлика дали тоа се вистини или лаги. Важно е да се каже
нешто за противникот во негативен смисол.
Некој од нас своето мислење за политичките опции ги гради за време на кампањата, додека
пак други имаат однапред изграден став за кого ќе гласаат. Претпоставувам дека и едните и
другите ги читаат изборните програми на партиите. Ромите и ромските прашања се тема само
на митинзите во ромските населби и соседства со доминантна ромска заедница. Во
шаренилото на понуди од СДСМ и ВМРО може да слушнете многу слични но и различни
ветувања за нашата заедница. Имам впечаток дека некој од „нашите“ им шепнува на двете
страни кои се тоа горливи и ургентни потреби и интереси. Можно е да грешам за нашите
„шепнувачи“ бидејќи тие јавно делуваат и го промовираат ромскиот интерес во агендите на
најголемите партии.
Моите заклучоци црпат основа од пишаните програми на СДСМ и ВМРО и
донекаде од презентираните мерки и политики на локалните митинзи. Сепак јас повеќе
верувам на пишаниот збор (или ветување на изборната програма) отколку на говорите во
етерот на ромските населби. Јас тука извлеков неколку поенти кои ги најдов во програмите на
ВМРО и СДСМ, каде што се спомнуваат ромите во нивните идни политички планови или
приоритети. Ги читав нивните програми поради фактот што сегашниот изборен модел и силите
на теренот дава можност на едната или другата партија да ја формираат следната влада.
Второстепено значење е дали некоја од новите и помалите по моќ партии ќе има место во
следниот парламентарен состав.
СДСМ на 267 страни програма има образложено во детали што ќе прави во следните 4 години
доколку дојде на власт. Во наративниот дел на „Можеме“ ромите се спомнати само два пати,
во воведот на Зоран Заев (стр.3) и во делот за досега одработеното за ослободување на
плаќање надомест во претшколско образование (стр. 132).
Програмата има планирано вкупно 227 проекти за изведба. Само 4 проекти се планирани во Шуто Оризари.
Тоа се воглавно инфаструктурни проекти, реконструкција на ул. Мелничка (стр. 69), поставување на
атмосферска канализација и реконструкција на ул. Пелагонија и Брсјачка Буна (стр. 79),
поставување на атмосферска канализација и целосна реконструкција на ул. Хаџи Јован
Шишков (стр. 79) и иста интервенција на третиот дел на ул. Индира Ганди (стр. 80). Во
проценти, овие 4 проекти изнесуваат 1.76 одсто од сите 227 проекти. Проценете си сами дали
е тоа доволно и секако релевантно за тековната состојба на ромите (од Шуто Оризари), додека
ромите од гругите градови ќе мора да почекаат некои следни локални или национални
избори.
Програмата на ВМРО е напишана на дури 340 страници. Ромите се спомнати само еднаш но
наративниот дел, на страна 129, како потенцијални корисници на активните мерки за
вработување. За разлика од СДСМ, програмата на ВМРО има 63 мерки кои ќе бидат
реализирани преку 325 проекти. Нема планирани проекти кои таргетираат ромски населби или
заедница. Воглавно мерките и проектите се класирани во 4 столба. Конкретно во 4-тиот столб
(Подобри услови за живот на сите граѓани) ромите може да се надеваат дека ќе се адресираат
нашите интереси и потреби, секако преку ангажирањето на ромските политичари кои се дел
од коалицијата Обнова на Македонија.
До 15 јули имаме уште 8 дена. Доволно време да одлучиме дали и за кого ќе гласаме. Секој
има право на одлука и лична проценка за дадените понуди. Политичкото мени е одраз на
огледалото наречено македонско општество. Тоа е нашата реалност и производ на овој народ
и секако неговиот културен и ментален образец. Да не заборавам да потсетам дека нашето
општество и нашата политичка и општа култура не се изолирани острва на европскиот
континент, затоа што надворешните гео-политички и гео-културни влијанија имаат голема
улога во нашите одлуки и однесување.
Затоа сме дел на НАТО и стремиме да бидеме членка
на ЕУ. До следните понуди на политичкото мени се надевам ќе имаме нови генерации на
политичари, подобри со интегритет и мудрост од сегашните.
Колумна Надир Реџепи

Sali MemedJuly 7, 2020
glasanje-glasac-izbori-1.jpg

2min50

о анкетата што ја објави Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) за претстојните избори во благо водство е ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Вкупно 21,9 отсто се определиле за ВМРО-ДПМНЕ, а коалиција СДСМ и Беса добила поддршка од 19,8 отсто, ДУИ има поддршка од 5,9 отсто, а за коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива се определиле 4,2 отсто, Левица, 1,3 проценти и ДПА 0,9 отсто.

Анкетата е спроведена од Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) каде што програмски директор е Владимир Божиновски, политички аналитичар чиј глас пред две години се слушна и во две таканаречени „бомби“ кои беа пуштени во судница за предметот „Титаник“. Во разговорите се слушна како Божиновски разговара со ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, токму за анкета која ја спроведувал преку ИПИС.

Разговорот од 30 мај 2011 година, во кој Божиновски му вели на Јанакиески дека проблем за изборите во 2011 година е четвртата изборна единица, според анкетата што тој ја спровел. Во разговорот Божиновски додава дека е можно да има и грешка во анкетата од +/-3%, но дека следниот ден ќе ја повтори анкетата.

Во денешниот извештај за анкетата што ИПИС ја спровел во пресрет на изборите на 15 јули 2020 се вели дека е направена со телефонско јавување во периодот помеѓу 2 и 5 јули 2020 на 1 087 полнолетни испитаници.

„Истражувањето беше реализирано со користење случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење и регионалната застапеност, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности. Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат предизборните рејтинзи на партиите и политичарите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС“,

се вели во извештајот на ИПИС.

Во 2017 година, пак, истражувачката мрежа БИРН објави текст во кој според документите што новинарите ги добиле се гледа дека ИПИС само со Министерството за труд и социјална политика има склучено договори во вредност од речиси половина милион евра за периодот од 2012 до 2017 година.

„Повеќе од 600 000 евра од три државни институции има земено Институтот за политички истражувања (ИПИС) во периодот од 2011 до 2017 година за истражување на јавното мислење, покажуваат документите што ги поседува БИРН. Овој институт во јавноста често беше застапуван преку Владимир Божиновски, кој во јавните настапи редовно ги бранеше ставовите на ВМРО-ДПМНЕ, а анкетите на ИПИС за рејтингот на политичарите секогаш одеа во корист на поранешната владејачка структура“,

пишуваше БИРН.

https://360stepeni.mk/vo-anketite-na-ipis-na-bozhinovski-povtorno-vodi-vmro-dpmne/


Sali MemedJuly 7, 2020
spasovski-1-1280x854.jpg

2min825

Да не дозволиме да се врати обновата кои сакаа за уши да ги влечат Ромите на гласање. Ова го посочи премиерот Оливер Спасовски на средба со граѓани, додавајќи дека Ромите треба да останат во нашата држава.

„Да не дозволиме да се врати обнова на режимот за да не се врати времето кога било кој Ром или пак било кој малку поцрн човек ќе излезе на граница и ќе го вратат назад само заради тоа што е Ром.

Ова го кажувам за да не им заборавиме, овие луѓе не заслужуваат ништо. Ромите се наши браќа и тука со нас треба да живеат“, истакна Спасовски.

 

fokus


Sali MemedJuly 5, 2020
mOZEME.jpg

1min43

Според анкетата на агенцијата Брима Галуп владејачката партија СДСМ е во водство. На прашањето „Доколку се одржат парламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?“, 18,7 отсто од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1 отсто од граѓаните. Разликата е 3,6 отсто во полза на СДСМ. Следна е ДУИ која добила 8,2% поддршка, зад неа се наоѓа Алијансата за Албанците со 4,9%, додека движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%.

Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата СДСМ-БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2% во корист на коалицијата која ја предводи Зоран Заев.

Други партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со поддршка од 1,3, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6. На анкетата, 16,1 отсто од граѓаните се изјасниле дека нема да гласаат, 9,3 одбиле да одговорат, 11,2 неодлучни гласачи.

Во однос на политичарите, за најпопуларен во анкетата на Брима Галуп, со најголема доверба од граѓаните останува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за кого 9,4% од граѓаните се изјасниле како за политичар во кој имаат најголема доверба.

На второ место, по Заев, е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во кого најголема доверба имаат 4.2%


Sali MemedJuly 4, 2020
-гостување-ТВ-Шутел-2-1280x960.jpg

1min175

„Од Шуто Оризари пораката за недискриминација најмногу значи. Во време на режимот на Ромите не им беше дозволено да излезат од државата. Веднаш ја променив таа одлука кога станав министер. Што е помалку еден Ром од еден Македонец? Не смее да ни се случи власт што ги дискриминира ромите”, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Шутел.

„Велеа и дека ќе влечат за уши. Затоа велиме никога повеќе режим и вие најдобро знаете што тоа значи. Масовно да излеземе на изборите на 15.јули и сите сплотено, заеднички да продолжиме по патот на сигурноста што го трасираше оваа Влада”, повика Спасовски во интервјуто за ТВ Шутел.

Македонија ја градиме како социјална држава што е уставна обврска.
Најавувам дека наскоро ќе започне со градба социјаланата зграда во Шуто Оризари со 52 стана.
Но нашата цел е луѓето да не живеат од социјална помош, туку да извлекуваме од сиромаштија.
Овде се изгради и една од најубавите градинки. Направивме реконструкција на училиштето „Браќа Рамиз и Хамид”, ги интегрираме Ромите во институциите, да се образуваат , работат и отвораат бизниси.
Ја градиме Македонија како едно општество за сите и се грижиме за сите и градиме за сите.
Оваа коалиција Можеме знае каде ја води држаата. Од режим ја донесовме на правиот пат кон НАТО и ЕУ и продолжуваме по правиот пат, рече Спасовски во интервјуто на ТВ Шутел.


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime