Sali MemedJuly 14, 2019
Nadir-Redzepi.jpg

1min133

Оваа изјава е дадена од страна на Enoch Powell    во 1977 година. Своевремено беше Британски политичар, филолог, лингвист и поет. Предлагам читателите на 24Вакти да побараат повеќе информации за него на интернет доколку ги интересира зошто ја искажа оваа мисла. Што е главната поента на оваа изјава?

Според авторот, секоја политичка кариера, доколку не е своеволно завршена на врвот на нејзиниот успех, завршува со неуспех бидејќи тоа е особина во самата природа на политичкиот натпревар. Во политиката, како и во секој друг занает, почнувате од некоја стартна основа, стремите кон врвот, можеби ќе стигнете на врвот за да еден ден се најдете на некое дно.

За разлика од занаетите и професиите, каде што акумулираното искуство и знаење се потврдува преку мудроста на мајсторството и разните титули, политичките функции на моќ се лабилни по карактер така да откако ќе стигнете на врвот одеднаш вашата цел се претвора во битка за што подолго опстанување, иако знаете дека таму (на врвот) нема место за двајца.

Прашањето е како ќе опстојувате и уште поважно како ќе се вратите на дното, дали според универзално прифатените нормативи и вредности, во кој ќе бидат запаметени вашето дело и интегритет, или пак ќе доживеете стрмоглаво брз пад, во кој луѓето ќе ве заборават како новогодишна елка.

Метафората за новогодишната елка има класична и донекаде симпифицирана порака – таа го краси нашиот дом со сите прикачени подароци и желби за една ноќ, за да после два-три дена ја фрлиме на улица или кантата за отпадок.

Со тој чин, елката оди во заборав а за следната новогодишна ноќ ќе си одбереме друга. Тука пред се мислам на природна елка која е искоренета од своето природно опкружување. Оние пак кои имаат вештачка елка, секако е дека ќе ја користат уште некоја година, се додека не им стане досадна или некорисна.

Предлагам секој читател да си направи листа на моќници кои го носеа бремето на јавните функции во државата од раните 90ти, истите ги трансформира во елки, да им даде големина, боја и рок на траење. Верувам дека користејќи ја оваа аналогија ќе добиете визуелна претстава за шумата од моќници, колку брзо растеле, созревале и овенале на политичката сцена на Македонија.

Кога сме кај сцената, мора да си признаеме дека на домашната сцена главни режисери и актери (народски кажано глумци) се нашите политичари. Политичката сцена, освен финансиските мотиви, нема правила и критериуми за тоа какви профили на луѓе (по професија и карактер) треба да играат на подиумот, така да ако се обидете да ги анализирате сите досегашни парламентарни и владини состави, ќе можете да направите свој заклучок за понудата и побарувачката на македонската политичка сцена, односно која улога ја играле, што направиле за публиката и која награда си ја земаа (да не кажам грабнаа) за себе.

Во таа комбинација новинарите се интерпретатори а народот е публиката која има симпатизери, воајери, трговци (со гласови итн.), интелектуалци, идеалисти, патриоти, сикофанти и уште многу карактери кои (не)можеме да си ги замислиме.

 

Она што го гледаме на политичката сцена е многу мал дел од пиесата наречена демократија во која главните дејствија се случуваат на релација власт-опозиција, влада-парламент-судство и институции-граѓани. Малтене сите дејствија се случуваат во задкулисните договарања меѓу политичарите на тема пари, бизнис и профит, формулирани преку закони, кои се користат како инструмент за преземање и држење на моќта. Многумина сакаат да се збогатат преку ноќ за да обезбедат иднина на повеќе генерации на нивните семејства.

Во таа кратковидна лакомост нив им е јасно дека времето на некое скалило на моќта брзо минува па затоа се спремни да ги вложат својот углед и слобода, во случај да не успеат да го прикријат ограбувањето на сопствениот народ.

Сите ние, сакале или не, сме дел на оваа општествена лакрдија, а таа е лакрдија токму поради фактот што власта (довербата на граѓаните) оди во погрешни раце. Пред да ги назначиме нашите властоносци по правило на играта наречена изборна кампања ги слушаме нивните празни ветувања (оти се без визија, а ако ја имаат тогаш се препотентно лажни за остварување). Откако седнале на фотелјата на власта, повторно слушаме себе-опевачки говори од кои многу тешко е да се фокусираш и разбереш што всушност одработуваат како јавни функционери.

Според овој рецепт, груевизмот опстана 11 години се додека не ги слушнавме меѓусебно ”уличарските муабети” на функционерите, кои од страв и трепет ги претворија во обични смртници. Чудо едно невидено беше моментот кога дознавме за огромната трансформација и дисбаланс во вокабуларот на зборови за тоа како се говори на микрофонот на јавната политичка сцена и телефонските линии на институциите во еден ден.

Испаѓа дека нашите политичари се мајстори на комуникациската еволуција и декаденција во многу кратко време, така да најверојатно е дека улогата на фунционер и уличен оговарач го храни двојното его на нашите политички избраници.

Јас можеби претерувам во гледањето на темната страна на политичката култура кај македонската елита, веројатно поради некоја идеализирана слика за тоа кој треба да седи на важните раководни позиции на државата, но од друга страна следејќи ги досегашните глупости и арамилак на политичарите, добивам доволно факти и информации кои потврдуваат дека луѓево свесно влегуваат во прљави политички води преку манифестираната дрскост на раководење на дадените позиции за лична материјална корист.

Ушите на ВМРО и „циганизираните“ Италијани на СДСМ

Многу текстови се напишани и коментирани во нашите медиуми и социјални мрежи за влечењето уши за гласање во времето на ВМРО. Сега истиот стереотип си доби континуитет пред некој ден во СДСМ, кога го слушнавме пост-тендерскиот муабет во кабинетот на премиерот.

Јас тука намерно не ги спомнувам имињата на фунционерите кои ги искажаа овие зборови затоа што не заслужуваат да ги ословуваме со име и презиме, и додатно поради фактот што го внесоа својот расизам во нашите институции, а со тоа ја деградираа репутацијата на државата и своите ромски сограѓани. Кратковидоста на авторите на овие искази и секако пропратната комерцијалната заслепеност е нивна лична слабост или особина со која ќе треба понатаму да живеат во ова општество.

За мене, нивната морална хигиена е стасана на самото дно и додатен доказ дека моќта, парите и фунцијата не се предуслов да бидеш среќен и почитуван, почнувајќи од најблиските во семејството па се до пријателите и останатие сограѓани. Какви објаснувања ќе даваат на своите идни поколенија и како ќе живеат со тој терет е нивен проблем.

Реакциите на нивните сопартијци и коалициони партнери, се исто така нивен избор затоа што со нивното нереагирање или обид за релативизирање станаа соучесници на расистичкото зло. Вака не се гради Едно Општество за Сите и станува сосем јасно дека оваа формула има многу непознаници при нејзиното поставување во штабот на СДСМ. Сосем е различно прашањето дали бил наивен тој што ја постави или пак ние кои поверувавме дека СДСМ ги има волјата, знањето и содржината за градење на општеството со нови вредности.

Она што за мене е загрижувачко е однесувањето на извршните институции, пред се јавниот обвинител, народниот правобранител, комисијата за анти-дискриминација итн. Ако во времето на ВМРО тоа беа заробени институции, сега се очевидно слепо црево – хронично без функција – иако сите имаат јасно делегирана улога и функција во системот.

Не ми е јасно дали станува збор за страв, игнорирање или бирократска мрзливост. Сите ние можеме да си правиме претпоставки, меѓутоа никој не ги повикува на одговорност овие тела, кој по опис и попис на нивниот мандат имаат законски дадено обврска да делуваат. Не ме интересира кој и како ги поставил да работаат во дадените институции!

Кога се веќе таму тие морат да го заштитуваат словото на законот и секој граѓанин.

На крај имам уште една порака до ромските гласачи. Веројатно во доследна иднина ромскиот глас во поголем дел ќе оди на контото на ромските партии, а преку нив во салдото на големите партии на ВМРО или СДСМ. Тоа е реалноста на нашата демографски-одредена позиција која диктира политички коалиции само според бројот на гласови. Нема тука идеологија и вредносни норми, што значи и едните и другите и понатаму ќе не гледаат како обичен број за време на изборните циклуси.

Да не се занесуваме дека со градење политички коалиции со мнозинските партии ќе се промени третманот кон нас. Можеби некој се сеќава кога во првиот парламентарен состав на Македонија, еден од постарите ВМРО-вски пратеници му порача на Фаик Абди да не се кити со туѓи перја. Пораката беше јасна и гласна поради тоа што Фаик беше гласноговорник на СДСМ во дискусиите против идеите на ВМРО за градењето на македонската држава.

Една деценија подоцна, некој се китеше со перјата на ВМРО, овој пат против СДСМ, но овој пат не се работеше за државотворна расправа туку за култура на владеење (со страв и криминал). Таквото селење на нашите ромски пратеници/политичари немаат долгорочно оддржлив ефект, ниту во политичката култура ниту во однесувањето на државните институции.

Впрочем, институционалниот расизам и дискриминација останаа вкоренети во јавните институции и нивните сервиси, без разлика кој со кого правеше политички сојуз. Три децении на капитализам донесоа поголема невработеност, сиромаштија, отселување и несигурност. Додека немо посматраме како политичките елити се збогатуваат преку ноќ, уште пострашно е што таа моќ најлесно и неказниво се манифестира врз нас.

Само да ве потсетам на тепањето и убиствата од страна на полицијата, максималните судски казни за ситен криминал, мистичното умирање по затворите, етничкото профилирање на границите, обидите со закон да се одземаат децата питачи од нивните родители, сместувањето на здрави ромски деца во училишта за ментално заостанати, насилната проституција на девојчињата сместени во социјалните установи итн. Досега никој не е осуден за овие дела кон ромската популација. За сето време гласавме и верувавме дека следната власт ќе биде подобра.

Падна ВМРО после 11 години заедно со коалицијата од 6 ромски партии. Декаденцијата на СДСМ започна најмалку од пред една година и како што работите се движат, сосем е очекувано СДСМ да си замине од власта заедно со сегашните ромски коалициони партнери. Станува интересно дали воопшто има капацитет на македонската политичка сцена да се појават нови режисери и актери или пак повторно ќе има рециклирачка коалиција под водство на ВМРО.

Како и да е, запамтете и следете кој ќе биде следниот моќник или бирократ кој ќе падне на тестот на расизмот кон нас. Нема да им биде сеедно дали ќе паднат поради расистичка изјава против нас или пак злоупотреба на јавната позиција.

Во првиот случај, политичкиот неуспех плаќа морална цена и квалификација на расист додека во вториот пример злоупотребата носи законска казна (во случај на финансиски криминал).

Јас сум сосема сигурен дека  државната администрација има многу вакви актери кои за жал не успеваат да исцртаат јасна линија помеѓу јавно платената функција и своите приватни предрасуди и стереотипи. Затоа предлагам државата да воведе психолошки тест за сите идни функционери и бирократи, за да колку-толку имаме механизам за филтрирање на расизмот и предрасудите пред да ни влезат во државните институции.

Колумна: Надир  Реџепи


Sali MemedJune 27, 2019
Zoran2706.jpg

2min205

Ko paraštuj thaj savato 28 thaj 29 juni ko Skopje ka ovel organizatori em ka udđarel e 70 delegaton taro 50 thema em aver misafiria.

Ka diskutirinel pe ko pobuter teme aso i situacia e Romencar ki sasti lumiathaj odoleske ka ikeren pe debate em nekobor naukakere Simpoziumoa sar so si: Publik Hiring: “O niamia thaj jurisdikcia em o Status e romane Jekhinake”, Trinto naučno simpoziumi e Holkaustoske thaj Naučno simpoziumi Tema: Geneza, Čhib, Historia thaj religis, em ko jekh Romano Bisnis Forumo.

Odoleske o IRU Presidenti Zoran Dimov aso specifično momenti akcentirinela:
” Me sar IRU Presidento miro suno thaj ideali si odokhare normalno Mangav me sar Rom mire nacijaja te dživdina anb o sasoitnipa kote o intereso e individuakoro , o tromalipa , i jurisdikcia i garvasialipa si majimportantno numa o nacionalno jali themakere interesia.

Odova si fundavutne principia sakone manušeske (em e Romske). Mangav odova minimum te dikhav ko odola thanaq kote savore dživdinaja bizi diferencia save themake kerel pe lafi.

Sako drom dava man godi ki savi forma šaj te džanav o anava taro romane viktimia sakote ki lumia te šaj jekh drom sa vakteske te phaga o traibae nakhavde bibahtenge so sine e Romen ki historia.

Džanav kaj jekh dibe amare čhave em o čhave sa javere nacienge so sine len antipatia mujal o Romaka bešen savore ki jekh mesali phralikani em ka lošakeren jekh a jekh bukjenge , akcentirinela piri gind o jekhto manuš an o IRU.

 


Sali MemedJune 2, 2019
Nadir.jpg

1min410

Ако не си Ром (човек) не се осудувај да ме дефинираш!

СТАВ

Ми се чини дека светот стреми да биде фрустрирачки лошо место за живеење како резултат на досегашните одлуки, делување и однесување на политичко-корпоративните елити. Резонирањето на сегашните моќници е многу предвидливо така да по се изгледа дека ќе мора да чекаме неколку децении за да дојде некоја нова генерација на лидери кои ќе аплицираат поправедна лидерска култура на глобалната политичка сцена. Материјалниот капитал е за жал единствената вредност што го движи човекот. Општествените девијации го срушија чувството на солидарност меѓу луѓето што понатаму предизвикува забрзан пад на довербата на секој можен дел од општеството. Елитите водат грижа за демографските трендови, миграциите, ограничените природни ресурси и трката за власт, но истовремено ги запоставуваат војните и убиствата, сиромаштијата, големата економска нееднаквост, корупцијата и климатските промени. Геополитичките турбуленции се претворија во геокултурен натпревар на вредносни системи како последица на продолжената борба за глобална доминација меѓу западните корпорации и источните олигарси. Линијата на поделби меѓу земјите должнички и кредитори, север-југ, исток и запад е се поистакната. Државната пропаганда и лажните вести преку социјалните медиуми се повеќе не потсетуваат на времињата од пред Втората Светска војна и Ладната војна.

Во меѓувреме луѓето мора да ги живеат своите животи! Повеќето од нив се мачат, многумина страдаат додека само мал дел ужива во своите привилегии. Нема доволно искрени идеи како светот да се направи подобро место за живеење за сите. Во идеализираните планови за подобра иднина на Европа, вклучително и ново-компонираните држави од екс-Ју просторот, гласот на Ромите е традиционално отсутен. Иако Ромите живеат 10 векови  низ цела Европа, евроцентризмот како културно и политичко миље на средновековието, сеуште ја регенерира стигмата и омразата кон нас и со тоа ги третира ромскиот идентитет и култура за не-европски. Знаеме дека нашите предци преживееја со векови многу полоши времиња од денес. Сегашните поразителни податоци за положбата на Ромите ни укажуваат дека омразата кон нас е континуитет на специфичниот расизам кон Ромите. Овој текст е скромно укажување на само мал дел од нашата истрајност и внатрешна сила која ја поседуваме за нашиот опстанок. Се надевам дека многумина ќе продолжат со нивниот придонес кон овој текст за да ги надградат сите можни други делови од мозаикот на нашиот парадокс – различни одвнатре а надворешно перцепирани (од гаџованите) за хомоген колектив.

 ЧЕКАЈЌИ ЈА ЦИВИЛИЗАЦИЈАТА ДА СЕ ЦИВИЛИЗИРА…

Старата Дама се повеќе губи од својата нарцисоидна самоубеденост дознавајќи дека гласот од огледалото се повеќе го одразува долго потиснатото прашање на 12 милиони угнетени луѓе. Сеќавањата на грдите сцени од минатите војни, одбивноста и стравот од сиромаштијата и наметнатиот натпревар меѓу зајакот и желката повторно ја актуелизираат приказната за Пепелашка, која според упатствата на Малтус и невидливата рака на Адам Смит мора да биде дел од убавината на Старата Дама. По карактер нарцисоидна, таа упорно сака да остане вечито најубавата во светот. Разликата меѓу приказната и реалноста на глобализирана Европа е во тоа што наместо кралеви и кралици со моќ на магија денешните општества имаат „демократски принцеви“ чијашто репутација (читај моќ) е стекната преку финансиско-пропагандни машинерии за манипулација на јавното мнение.

Контрадикторностите во Европа отсекогаш имале примеси на хипокризија затоа што, според Рајко Ѓуриќ, низ својата крвава историја на себе-цивилизирање таа во одреден степен го изгуби човечното во својот основен ментален кодекс, додека материјалниот интерес стана доминантен прекројувач на моралните вредносни системи во денешните општества кои се нарекуваат демократии. Според него меѓусебните конфликти нанесоа многу зло (и секако неправда) на многу народи и генерации  во име на религиозната, културна, национална и територијална хомогенизација иако денес е многу јасно дека тоа беа војни за моќ, ресурси, територии и поданици кои денес ги ословуваме како граѓани. За жал Макијавелистичката филозофија на владеење преку контролирани конфликти е се сеуште дел од менталниот склоп на моќниците кои во различен интензитет и форма ја користат за свои интереси па одвреме навреме граѓанинот го трансформираат во гласачко-воена машинерија која понатаму се поларизира и верува дека се бори во името на таканаречени национални интереси. Иако јавно декларирани во форма на идеологии, тоа се во всушност лични интереси, вткаени низ симплифицирани политички конструкции во кои што елитите при меѓусебниот наптревар за профит и привилегии по навика забораваат на потребите на обичниот човек.

Идеолошки, се до 1989 година Старата Дама имаше двоен идентитет односно лице обоено во два профила. Левата страна и беше обоена со плава а десната со црвена боја при што движејќи се кон нејзините екстремитети боите губеа од својот интензитет и јасност. Денес таа очигледно се стреми да биде  еднобојно плава, вешто маскирајќи го сивилото на капиталистичкиот дух под велот на демократијата и вредностите на Унијата. Сепак таа скромно признава дека многуте историски конфликти оставија белези врз нејзиното тело така што има потреба за дополнително време за терапија на црните дамки на демократијата. Градејќи нов идентитет нејзините органи прават напори да ја контролираат сегашноста и иднината, создавајќи привидно заедништво составен од вредносни и економски системи на интеракција во кои повторно (за жал) доминираат аспирациите за моќ и привилегии. Во суштина ова заедништво нема своја идеолошка матрица затоа што во последните три децении елитите се повеќе манифестираат дрска сила и репресивни мерки врз слободите на граѓаните во име на стабилноста и просперитетот на нациите. Така, и левите и десните идеологии, вклучително центарот се само симулација на борба на идеи, односно имаат потреба еден за друг за да ја играат играта на демократијата. Смисолот и значењето на демократијата се изгубени во лавиринтите на политичките и институционални манипулации со јавниот резон преку наивно образложеното оправдание дека идеолошките и потоа сите останати реформи се прават во интерес на секој поединец и колективитет, а аналогно на овој резон, „лутањето„ на лево или на десно е неизбежен процес во рамките на едно цивилизирано општество.

Во минатото таканаречената цивилизација си зеде за право да каже дека е цивилизирана поаѓајќи од претпоставката дека постојат нецивилизирани народи  па врз основа на тој постулат и следува привилегијата за цивилизирање на „нецивилизираните„. Парадоксот на феноменот на цивилизирање на светот според теркот на западните концепти е во тоа што токму „цивилизираните„ народи цело време користат нецивилизирани (читај нехумани) репресивни мерки во кои е јасно дека цената на денешната „цивилизација„ човештвото ја плати со стотици милиони жртви. Чекајќи на подобри времиња, кога ваквите мерки ќе бидат вон употреба, ромскиот народ беше во постојана излезна позиција која денес сите ја нарекуваме општествена исклученост. Само таквата стратегија гарантираше опстанок на многу Роми – да се биде, односно цената мораше да биде платена преку губење на можностите за акумулирање на капитал од сите видови. Така испаѓа дека колегата од Србија, Осман Балиќ, е во право кога вели дека илјада години на ромскиот народ му беше поважно да биде отколку да има, оти имањето досега „цивилизираниот човек„ воглавно го постигнуваше преку грабеж и пролевање на човечка крв, логика која очигледно не е во природата на ромскиот народ.

Овде мора да се повикам на уште еден мој познат и драг колега, Иван Весели од Прага, кој вели дека Ромите отсекогаш живееле и живеат за иднината. За многумина ова може да звучи како филозофска утопија, пред се поради сегашното ограничено материјалистичко перцепирање на светот, поради субјективно напишаните истории од страна на победничките нации и секако поради раздвојувањето на вистината на научна теорија и интерпретирана емпирија. Ромите живеат во иднината затоа што немаат склучено општествен договор  со ниту една форма на владеење, не се врзаа со ниту една територија ниту пак со еден културен и религиозен норматив. Тоа за нив би значело губење на слободата на духот на човечноста, прифаќање на сите историски насилства и неправди врз човештвото, покорност кон експлоататорот заради привилегии и материјална корист. Некој ќе каже дека токму поради немањето општествен договор Ромите се исклучени од сите важни текови на човештвото затоа што неучествувањето и постојаното бегство од борбата за богатство и територии ги донесе на ова скалило. Многу малку луѓе во светот имаат респект или пак гледаат позитивно на ваквата филозофија на размислување и однесување, кој всушност потврдува дека слободарскиот дух и вредноста на човечкиот живот беа поважни за ромскиот народ отколку поставувањето на свои моќници покрај моќниците на мнозинството. Слободата за Ромите значи културна и духовна различност одвнатре и надвор од заедницата, движење низ светот без граници и ненаметнување на вредносни системи кон другите, толерантност кон нормите на другите, недавање на отпор и практикување на ненасилие како прагма на животниот смисол. Денес светот се движи забрзано во тој правец поради тоа што глобализацијата која започна пред повеќе векови добива забрзување кое ја руши монотоната перцепција за нациите и повторно ја враќа различноста меѓу луѓето во сите можни димензии на социјалната трансформација. Европската Унија долго време промовира дека една од најголемите придобивки на Евро-интегративните процеси се слободата на движење на луѓе и капитал во Европа без граници. Ромите овој стремеж го имаа од секогаш низ времето иако најчесто нивното патување тогаш а и денес се ограничува и контролира. Она што за Ромите беше идеал пред илјада години тоа е денешницата на Европа.

Сведоци сме дека кованицата „национална држава„ е се помалку во употреба во последните 20 години односно дека функциите на државата и интересите на нацијата(граѓаните) не се исти. Всушност, тие никогаш и не биле исти туку едноставно биле различито читани и интерпретирани при пишувањето на човековата историја од страна на највисоко сложената форма на организирање на општеството – државата. Нема држава која е 100% моноетничка, каде што се практикува една култура и зборува еден јазик. Тоа беше сон и конструкција на 19-тиот век, кој за жал предизвика многу војни и страдање на милиони луѓе. Во 20-тиот век луѓето масовно се приклучија на илузорните сонови и идеологии на политичките и интелектуални елити за да при неговит крај Франсис Фукујама го најави крајот на човечката историја. Тој крај го откри голиот интерес за моќ и профит на елитите кој во последните двесте години беше вешто маскиран во нивните идеолошки илузии. Денес функционира времето на проекти и проекции на среден и краткорочен рок. Иако десно и лево ориентираните популисти вложуваат нови напори за реинкарнација на стариот сон, комерцијалниот интерес на моќниците јасно го покажува старото лице на елитата и нејзиниот инструмент за владеење – државата, која е во константна потрага за моќ за да го контролира (однесувањето и размислувањето) на секој поединец, го убедува дека без државниот апарат ќе владее анархија и хаос и му ветува дека ќе го заштитува од сите неправди и опасности. Во сржта на сето тоа лежи простата експлоатација на човекот, на посилниот кон послабиот, на поедуцираниот кон не-едуцираниот, на богатиот наспрам сиромашниот човек. За среќа бројот на не-едуцирани се намалува а со тоа се золемува и свеста на гласачите за посакуваната улога на државата. Државата веќе ја нема моќта да дефинира што е нација затоа што нејзините функции се под лупата на глобалните интереси за развој на човештвото што и оневозможува да се однесува деспотски како досега. Се повеќе поединецот протестира и дава отпор на институциите на државата кога неговите права се засегнати. Тоа почнаа да го прават и Ромите, цивилизирано преку „туѓи„ институции со неромски правила и закони, повикувајќи се врз хуманистичките начела за достоинствен и слободен живот.

Во светот се зборуваат околу 7000 илјади јазици, постојат повеќе од 5000 етнички идентитети кои за жал се затворени во границите и идентитетот на 223 држави. Иако секоја држава е приказна за себе, на глобален план разликите меѓу нив се огромни. Така Кина брои над милијарда луѓе додека најмалата по население, Питкерн, брои 50 граѓани. Дури 150 земји во светот имаат население помалку од 12 милиони, факт кој во споредба со проценките за 12 милионската ромска популација во Европа укажува на парадоксот на разграничување на териториите во некакви државни граници. Тоа е огромен дисабаланс и неправда за човештвото, за сите оние кои се различни по размислување и однесување од конструираните нации и нивните закони затоа што многу идентитети се пригушени, многу култури потиснати, многу индивидуални права скроени и зависни од вредностите и волјата на државотворните нации. Свесноста за ова кај обичниот човек се повеќе се зголемува, тој ги предизвикува и менува сегашните институции и системи на владеење. Циклусите на дестабилизирање на државите и нивните територии се се почести, носат радикални промени за краток временски период затоа што секој од нас има потреба и своја визија за достоен живот, да се движи слободно, твори и ги користи природните добра. Не е вистина дека нема доволно територија и ресурси на овој свет…има само ненаситни поединци кои за жал забораваат дека се обични смртници.

Во изминатите 1000 години нашите претци преживеаа многу погроми и прогони, но никогаш не се оттуѓија од вербата во човекот, најдоа начин да останат свои, оригинални во смислата за животот и патешествијата низ него. Нивната моќ, како и моќта на сите сиромашни, беше во паметникот на историјата за нивното страдање од сите форми на владеење. Таа доаѓа од сознанијата за издржливоста на слабиот наспрам силниот, дека човештвото има силна потреба за победа над злото и неправдата. Таа моќ го менуваше човештвото кое после масовните убиства и многуте грозоморни зла кон послабите често имаше потреба јавно да се покае за да барем духовно и морално се промени и обиде да практикува похумани начела на соживот. Тоа е моќта на немоќните од минатото. Таа продолжува да алармира дека цивилизацијата во своето идеолошко ткиво сеуште не е ослободена од стравовите на моќниците.

Мојата порака тука е јавен повик кон сите оние кои веруваат дека се доволно цивилизирани – да ја разберат човечката суштина и потреба на ромското битие. Таа не е ништо повеќе ниту помалку од она што секој обичен човек го посакува за себе. Доколку неможе да помогнат, макар и морално, нека не одмагаат, нека престанат со стигматизирањето на нашата кауза и со градењето илузии за тоа кој сме ние. Нашата кауза е дека бевме, сме и ќе останеме луѓе, со сите наши доблести и недостатоци, посветени да ги сочуваме нашите вредности и обезбедиме добробит и достоинство за нашите идни поколенија.

Колумна: Надир Реџепи


Sali MemedMay 30, 2019
EU-PRATENICI.jpg

4min192

Trujal savo so ko naklo mandati sine 5 romane deputatija ko Evropkaoro Parlamenti, akava saikeriba (SOSTAV) ka oven  trin romane deputatija Romeo Franz tari Germanija, Livija Jaroka tari Ungaria thaj Peter Polak tari Slovachka.

So trin deputatija ko akala alusariba bashi EP khuvgje taro pobare politikane partije, dzikote o romane politikane partije sinelen tikne avzija ko sa o thema ki Evropkairi unija thaj na sinelen nisave šanse sar romani partija te del plo kandidati savo seoriynikano ka ovel kotor taro EP.

I LIvija Jaroka akava lake trito mandatt thaj khuvela sar dzeno tari Partija FIDESZ taro aktuleno premieri Viktor Orban, kova sile desnicharsko stavija hem lakoro butikeriba dzi akana spored o pendzarutne tari evropakere nastanija na vlijangja but bashi o romano prosperiteti inkluzija, integracija ki Evropa. ž

Dikindoj o stavi tari partija kotar so avela bashi politika bashi migracija o stavija bashi nacionalnostija itn.

Romeo Franc khuvgja taro ” ZELENA” koleste kergje baro admi (cekor) kori rezultatija ole sinelen najbaro rast taro sa o poliitikane partije ki Evropa bashi dzene ko parlamenti trujal so nasinelen majbaro mnozinstvo, numa kerge baro progres angle dzenencar ko Evropakoro parlamenti.

Sar nevo ROM ko EP si o Peter Polak tari Slovakija savo so sine ko avgo than ki gadzikani politikani partija thaj khuvgja odoleja so sine nositeli ki lista hem olendar khuvgja jek avtomatski ov gelo ko EP.

Peter Polak pendzardo si ki Slovakija sar Rom savo so kerela buti bashi romani integracija ki Slovakija thaj sinele nekobor funkcije ki them kote so direktno te kerel buti bashi inkluzija e romengiri ki akaja them, akava leske avgo mandati ko EP.

Ko naklo mandati 2014 -2019 sine pobut roma ko EP 5 akava bersh 3 numa vakeribaske kaj nijek nae khuvdo tari romani partija, numa taro javera partije sar kandidatija ko lengere listija.

Dikindoj i situacija o Roma na e but zainteresirme te den plo avazi ki Evropa bashi romani politikane partije, ja pa panda nasijem osvestime deka trebno te da amaro avazi romeske.Tari javr rig i tikni edukacija thaj motivacija bashi aktuelna sostojbe e romengere ki Evropa nadena pozitivno dikibe deka o Roma shaj korkori te vakeren kaske ka den plo avazi.

Sa akala faktija sikavena kaj trebno te kera but buti ko bajraripa o pharipe bashi dzandipe bashi o Evropska Alusariba thaj save shukaripeka denamen.

Khanchi nevo bashi romano digniteti, svest deka amen shaj, panda tribul te kera buti ko amare korkori doverba , dzandipe, edukacka bashi asavke alusariba thaj javera bukja.

Ki Evropa dzivdinena 12 millonija Roma koleste salde ko akala phuvja kote so isi Alusariba isi pobut taro 10 Milionija ko Agor te oven tut trin Romane deputatija koleste soj thane ko javera partije hem javera da dena plo avazai dzikote ko nijek romani partija nashti ikalgja ni jek deputati adav si shamarka te dikamen kaj panda tribul te kera buti hem amencar hem javerncar bashi poshukar tajsa.

 

Kolumna

Sali Memed


Sali MemedMay 13, 2019
Papa1305.jpg

2min270

I familia taro Imer Omerović si kotor taro 14 familie lokaciajaj an o Kasal Brusiato, o than kote so sine o protestoa ko agorutne divesa, sine len dikhiba an i bazilika Sv.Jovan an o Rim e papaja Francis an o margine e mitingoske tari Eparhia.

O dat i daj thaj i tikni čhaj resle ko tikno dikhiba e papaja. Ola ko vakti tari liturgia thaj ceremonialo bešle ko anglune thana an i bazilika.

O Papa Francis dikhlja pe thaj kergje diskusia e romane familiaja an i saste privat ceremonia an i bazilika Sv. Jovan an o Laterano anglal te ovel o mitingo e opatencar thaj o pastoroa tari akaja eparhia.

I familia reslja barabutne e volontersko opersko giljavutno Rom taro hori Patrizia, majanglal reslja len o vice episkopi an o Rim Don Jampero Palmieri so gele ko anglutno kotor taro centralno bloko an i bazilika Sv. Jovan kote bešen sine oleskiri daj thaj o dat, o dat o Imeri em i Senada Omerović barabutne oleskere čhijaja i Violeta thaj o volonteri romano opersko giljavutno taro orkestro “Patrizia”.

Link: https://www.ilmessaggero.it/roma/news/casal_bruciato_famiglia_rom_papa_francesco_oggi_ultime_notizie-4480688.html


Sali MemedApril 27, 2019
Nadir-Redzepi.jpg

1min622

Нашата држава е тешко заболено општество! Болни се сите, државни институции, политички партии, бизнис сектор, определени и неопределени, вработени и невработени, богати и сиромашни, учени и самоуки, народски кажано сите од седум до седумдесет и седум. Македонија боледува подолго време, доволно долго за да ги ослепи партиските војници и постепено ја убива надежта кај неопределените – како што не нарекуваат и едните и другите – односно политички определените кои слепо веруваат дека се вистинската опција за водење на оваа мала земја.
Определените не се само слепи туку и глувонеми сведоци на многу неправди и насилство, практикувани преку политичко-институционалниот терор од страна на нивните политички миленици. Заглавени во нарцисоидната илузија и политикантска малодушност, партиските војници безобзирно го узурпираат нашето секојдневие и право на слободен избор и достоинствен живот.

Скоро сите политички опции ги маскираа своите гнили комерцијални интереси преку само- легитимирање на нивните тн. партиски цели во името на народот и државата. Нашето премолчено прифаќање дозволи јавната критичка мисла да се користи само од политички подобните гласноговорници со само со една цел – деградирање на спротивната страна без разлика на последиците врз целото општество.
Козите ни цркнаа одамна, бидејќи, тоа беше многувековна амбиција за и на нашите соседи. Таа култура на завист денес е трансформирана во системска култура на меѓусебно уништување по сите можни основи. Можно е да се прашате која е разликата меѓу зависта за козите и меѓусебното истребување? Разликата е во тоа што зависта, во одреден степен, поттикнува натпревар и амбиции за успешност додека системското истребување цели да ги елиминира успешните по било кој основ и по било која цена. За жал, завидувањето беше и остана малограѓанска индивидуална особина додека меѓусебното истребување стана институционално решение и инструмент за владеење и експлоатација.

Народот од овие простори бил поробуван и експлоатиран многу векови но ниту еден окупатор не успеа до толку да го скрши неговиот слободарски дух и отпор. Денес сме заробеници на самите себе затоа што не успеваме да раскрстиме со културата на вазалска потчинетост кон владетелот иако беше јасно дека во изминатиот четврт век владеачките елити беа многу далеку од стандардите на култура на владеење во развиените демократии. Но, и покрај сето деградирање на животниот стандард ние упорно одбиваме да признаеме дека причината за нашата општествена незрелост и демократска заостанатост доаѓа од нашата конзервативна култура на тесноградно и сомнително гледање кон развиениот свет. Ја посакуваме благосостојбата на развиените земји а не сакаме да се откажеме од деспотско-вазалската филозофија на меѓучовечки односи.
Метастазирањето на болеста како и секогаш започна неприметно, од внатре, од самиот врв на мала група луѓе кои се нарекуваат политичари. Истите беа доволно препредени во легитимирањето на нивните старо/нови идеологии кои се во голем дел деформирани позајмици од идеолошките матрици на развиените европски демократии. Вештината на ситничава препреденост беше успешно аплицирана при препакувањето на реториката во име на многу-вековната еманципиција на идејата за самостојна држава. Сите се декларираа како поборници за слобода, суверенитет и демократски напредок на нашата убава земја додека нивните дела полека ама сигурно ја претворија во грдосија изложена на меѓународен срам и потсмев. Сите се изјаснуваа дека ја сакаат а се што сторија го потврдува обратното.

Нашите политичари многу брзо и лесно ја сменија политичката облека за да првично успеат да не убедат во демократското шаренило на идеи и стремежи. За жал, веќе во првите чекори се виде дека навиките и однесувањето се стари а реториката на ветување е лажна. Едните ги имаа вештините и итрината на претходниот режим а вторите пак беа наивни, да не кажам полу-учени, заробени ентузијасти на недовршената идеолошка матрица од почетокот на минатиот век. Сега кога се симнаа маските повторно се уверивме во грдата вистина за владетелот. Дали е домашен или е туѓинец, тој секогаш е злобен и алчен и како таков секогаш (ќе) ни ги краде минатото, сегашноста и иднината.

Ако не ги препознавте досега, тоа се политичките партии на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Овие две партии ја наметнаа културата на политички канибализам, проследена со постојан терор врз институциите и јавниот резон. Ќе приметите дека тука (намерно) не ги спомнувам бизнис секторот и медиумите, кои за жал се претворија во закржлавени привезоци на едните или другите преку нивното умешно камелеонско прилагодување со боите на моќта. Тука мора да се даде чест и респект на сите оние кои се исклучок од овој гнил феномен, кои сигурно остануваат во нашата надеж за излез од мракот на политичко-институционалниот тунел на клептократија и корупција.
Поинаку кажано, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овие дваесетина години диктираа концепти на самоволие (кои ги нарекуваат политички програми) и уште пострашно, конструираа манифестации на сила (во нивната терминологија право на мнозинството или право на посилниот) во градењето односи со можните политички привезоци (таканаречени коалициони партнери) кои пак се приказна за себе затоа што испаднаа многу поитри од нивните „големи“ сојузници во „грабењето„ на колачот повеќе отколку што заслужуваат.

Визијата за идеализираната иднина ни е украдена од страна на политичките и бизнис елити на Македонија преку нивната беспоштедна битка за привилегии, профит и моќ. Вакви битки има во секое општество но не до ваков степен на непочитување на сопствените закони, циничен однос кон својот народ и уривање на неговите основни морални и културни вредности. Додека елитите циклично се менуваа на престолот на власта ние граѓаните од ден на ден бевме се повеќе поразувани по сите можни основи. Секоја грешка и криминал на елитите нанесе длабоки рани врз општеството. Денес истите тие го повикуваат народот да застане на едната или другата страна и тоа без никаков срам ниту обид да ја видат сопствената изнагрденост и политикантски простотилак.

“Мојата чудесна земја Македонија“, како ја нарекуваше Владо Јовановски, е навистина чудо едно невидено! Секогаш кога се обидувам да разберам како опстануваат односите меѓу елитите и нивните поданици гледам дека е тоа чудна мешавина на рурална демократија, украсена со лажните перја на локалните автократи на исток и подземен бизнис капитал на запад, нашминкана со дефинитивно неизживеани политичари кои црпат лажлив легитимитет како против тежа на ненаситните и „бесмртни“ пост-комунистички олигарси. Имам чувство дека зборовите немаат доволен степен на цинизам за да барем малку ги поттикнам политички определените на само- сознание за бесмисленоста на нивните аргументи. Знам дека со сите сили сакаат да ни покажат дека цврсто веруваат во своите аргументи исто како што сум длабоко уверен дека секоја ноќ пред спиење си признаваат дека истите им се грешни.

Оваа структурна комбинација на малверзантски влијанија е огледало на сето она што сите ние, свесно или несвесно, дозволивме да ни се случува. Некој ќе примети дека немавме друг избор или дека бевме присилени на ваков (било каков) избор. Изборот беше наш и од тоа не можеме да бегаме. Не станува збор за изборот на глас за една или друга опција, или пак, дали апстиниравме или решивме да заминеме засекогаш. Сето тоа е лесно да се стори и уште полесно да се обвини државата за секој проблем. Државата станува колективна апстракција ако не се гледаме себеси за основни двигатели на нејзиното ткиво. Тука пред се станува збор за улогата и одговорноста на поединецот и културата на јавно повикување на одговорност на политичките актери за нивните дела.

Ние денес веќе не сме во можност да препознаеме кој закон е добар а кој лош, не се прашуваме како преку ноќ некој може толку многу да се збогати, а згора на сето тоа ич не ни е гајле зошто е некој бесправно затворен или осуден. Многу ми требаше да увидам дека моето досегашно несогласување со правилото „каков народ- таква власт“ беше погрешно. Така доаѓам до моето следно прашање – дали да ја смениме власта со некоја друга власт или пак да го смениме народот за да немаме никогаш повеќе власт од типот на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Се си мислам дека ова второто е подобрата опција за сите нас, ама тешко веројатно дека во следниот четврт век од нас може да биде скандинавска демократија.
Некако брзо заборавивме колку генерации платија за идеалот на слободата, на кои вредности се колнефме и дадовме завет кон минатите и идни поколенија. Денес е скоро бесмислено да ги повторуваме истите зборови затоа што болката од окупацијата доаѓа одвнатре, од домашно избраните лидери и нашите сопствени институции. Секој чувствува дека мора да има начин како да излеземе од овој болен хаос на полу-состојби и конструирани илузии.

Македонија е во длабока повеќе-димензионална криза. Криза која од поодамна води кон критична точка на граѓанска нетрпеливост иако сеуште потајно и наивно веруваме дека нема да биде со толкав деградирачки интензитет. Дали е ова врвот на (не)трпеливоста меѓу елитите (и граѓаните) или пак сеуште има простор за кулминирање на состојбите? Дали граѓаните ќе смогнат сила и храброст да се постават над ситуацијата и одлучно кажат збогум на анархистичкото владеење на рудиментираниот македонски капитализам? Дали е ова извонредна прилика да кажеме стоп на прозиведување на капиталисти со државни пари?

Сите велиме дека надежта последна умира, констатација која за жал се потврдува гледајќи го минатото и сегашноста…каде бевме, каде сме денес и каква култура на живеење изградивме. Друг избор, освен да се надеваме дека ќе смогнеме сили да излеземе од оваа општествена лакрдија, јас не гледам. Во тој избор за надежта гледам сеуште потенцијал во чесните и вредни луѓе, луѓе на кои сеуште веруваме и ги почитуваме. Време е да им дадеме прилика токму на вредните и чесни интелектуалци, стопанственици, работници и млади лидери…секако доколку се спремни да излезат од сенката на определено-болните и понудат рецепт за заздравување на институциите и општеството.

Обичниот граѓанин нема многу време за калкулирање ниту доволно слободен простор за делување. Целото општество е заложник на две политичко-корпоративни опции кои меѓусебно се репродуцираат и себе-актуелизираат како решение. Очигледно е дека тие беа и се главните креатори на мноштвото општествени аномалии, така што е многу предвидливо дека владеачката партија и опозицијата се спремни да направат се за да ја задржат или стигнат до власта. Со прифаќањето меѓународни посредувачи македонскиот граѓанин е повторно потценет и навреден. Како да не беше доволно заведуван од лагите во минатите 25 години па сега мора да биде воајер на некакви преговори и договори меѓу завадените лажливци. Тоа е само нов продолжеток на агонијата на целото општество кое станува се повеќе предмет на власништво во играта на нерви помеѓу најповиканите и најодговорни виновници за денешната ситуација.
На Македонија мора да и се случи граѓанинот, истиот оној кој е сиромашен, ниско платен, уплашен и уценуван, замолчен и потиснат да живее под секое ниво на човечко достоинство. Македонскиот граѓанин не е ништо поразличен од граѓаните на Европа. Потребите и чувството за слобода, мир и просперитет се човечки. Сите оние кои мислат дека може да ни го одземат тоа чувство и дека може бескрајно да тргуваат со нашата човечност – грдно се лажат! Крајно време е да бидеме сопственици на својата судбина за да почнеме да ги уживаме благодетите на демократијата и економскиот напредок, како резултат на нашиот сопствен труд и слободен избор!

 

Колумна: Надир Реџепи


Sali MemedApril 24, 2019
Shaban.jpeg

1min425

Колумна на д-р Шабан Салиу, доктор по политички – правни науки  и претседател на политичката партија Демократски сили на Ромите.

Почитувани  граѓани од ромската заедница, почитувани Македонци, Албанци, Бошњаци, Турци, Срби, Власи и други кои живеете на територијата на општина Шуто Оризари,  драги наши браќа и сестри, комшии, пријатели, особено сакам да ги потенцирам членовите на партијата Демократски сили на ромите – ДСР ја користиме можноста на сите оние кои гласаа за Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ (нашата партија е  коалиционен партнер) и гласавте за нашиот кандидат професорката д-р Гордана Силјановска  Давкова со заокружувањето на бр.2 од избирачкото гласачко ливче на одржаните претседателски избори на 21 април 2019 година од се срце да Ви се ЗАБЛАГОДАРИМЕ.

Огромна благодарност до граѓаните на оштина Шуто Оризари кои на овие избори покажаа висок степен на одговорност, совесност и храброст во нивните одлуки недозволувајќи на ниту една партија да им влијае преку закани, силеџиство, уцени и подмитување во остварувањето на нивното демократско право да гласаат за кандидатот за претседател  на нашата држава Република Македонија по лично свое убедување.

Нашата партија сака да ги поздрави и да се заблагодари на сите политички партии во оптшината Шуто Оризари каде што за прв пат се одржаа избори без поголеми нарушувања на изборниот процес во една фер и демократска атмосфера со исклучок на поситни прекршувања.

Како никогаш досега во поновиот плуралистички период во сите одржани иборни циклуси граѓаните во општина Шуто Оризари докажаа дека силата е кај нив, а не во поединци кои во претходниот период се обидуваа да ги натераат на сила под разни закани и притисоци да гласаат спротивно на нивното убедување и волја.

Почитувани граѓани на општина Шуто Оризари, никогаш да не заборавите дека вие сте најсилните, неговото величество ГРАЃАНИНОТ од кого зависи победата на секој изборен цилус, вие давате, вие земате власт. Сакам да Ве потсетам дека на денот на гласањето вие и формално правно сте еднакви со сите граѓани во нашата држава. Тој ден преку чинот на гласање без разлика на различностите кои ги имаме како припадници на нашата заедница-ромската, без разлика на бојата на кожата, политичката – економската, религиозната и други разлики  и сликовито за нас Ромите се остварува уставниот принцип на еднаквост на субјектите пред уставот и законите. Секој глас на секој Ром граѓанин на  државата е еднаков  и има значење како и на секој друг граѓанин со иста важност како и гласот на преседеталот и премиерот на државата.

Без разлика дали сме согласно последниот попис 53.879 Роми  кој попис никогаш не сум го признавал од проста причина оваа бројка ама апсолутно не ја одразува вистинската бројност на ромската популација во нашата држава, а според наши партиски извршени проценки, во државата живеат повеќе од 120.000 Роми. Гласовите на Ромите дали се претседателски, парламентарни или градоначалнички се од посебна важност и одговорно тврдам дека се пресудни на многу изборни циклуси. Но без разлика на бројките и да ги апстрахираме  гласовите на Ромите не помалку се значајни од другите граѓани. Еден поранешен борец за ромските права често ќе кажеше : „И комарецот е мал, но ако го голтнеш и влезе низ грлото може да ти направи големи непријатности во душата“.

Затоа драги мои Роми, треба внимателно да пазиме на кого ќе го дадеме својот глас. Не се важни само гласовите на Македонците и Албанците и другите, напротив многу се важни и премногу гласовите на ромската заедница за овие и наредните изборни циклуси.

Да не дозволиме некој да манипулира со судбините и животите на нашите Роми кои ден за ден преживуваат, живеат на маргините на општеството  секаде и во било кое време со константно присутна тивка дискриминација врз нив. Сега драги мои сограѓани Роми на сите сме ДРАГИ и сме нивни „БРАЌА“, ама на жалост додека се во тек изборите, после не се познаваме. Сигурен сум и самите вие сте изненадени од големата „ГРИЖА“ кон вас за сите проблеми кои ги имате со многу ветувања кон вас од политичарите. Затоа паметот во глава направете добри анализи за кого на 5-ти мај 2019-та година ќе го дадете својот глас бидејки сите гласови се бројат можна е победа на една опција и со 1000 гласа па дури и помалку. Не заборавајте дека минатото ни покажа дека градоначалници и пратеници се постанувало и со разлика 3, 5, 15,150 гласа што значи сами треба да одлучите на кого ќе го дадете својот глас. Не дозволувајте некој да ве поткупува и омаловажува со пакетче на прехранбени артикли или 1.000,оо денари кои за една недела ќе ги потршите, а со тоа ќе ја упропастите и потрошите и иднината на своите деца.

Почитувани, без разлика на негативни искуства од минатото за време на изборните циклуси, време е да ги консолидираме редовите во ромската заедница и да гледаме напред кон иднината во правец на пораката на големиот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг: „Секогаш е право време за да ја направите вистинската работа“ и вистински да го живееме неговиот сон за еднаквост на сите граѓани.

На крај, сакам да го повикам членовите на нашата партија Демократски сили на ромите  во Шуто Оризари и низ целата држава преку своите 40 општински организации, нашите симпатизери, пријатели и неодредените граѓани кои не припаѓаат на ниту една политичка опција, во вториот круг од претседателските избори целосно да се мобилизираат и на 5-ти мај 2019-та година масовно да излезат и да го дадат својот глас  на коалицијата „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатот професорката д-р Гордана Силјановска Давкова  за доследна интеграција на Ромите и нивна подобра иднина.Сигурен сум и ве убедувам дека оние Роми кои ќе го следат патот на нашата партија Демократски сили на ромите е вистинскиот- правиот пат за интеграцијата на граѓаните од ромската заедница во институциите на државата.

Дека ја говорам вистината имам еден мал милион аргументи, но ве повикувам и самите да направите анализа кога подобро се живееше сега со владата на СДСМ или поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Направете обична компаративна анализа кога повеќе имаше Роми функционери, кога повеќе имаше вработување, стипендии и кредити за ромските ученици и студенти, решени станбени прашања  и многу други бенифиции и можности за Ромите.

Без разлика како ќе одлучите изборот е на ваш, правото, но и одговорноста. Максимум респект до сите граѓаните од ромската заедница во државата за нивниот избор за претседател.


Sali MemedApril 15, 2019
Ibrahim-Ibrahimi-780x439.jpg

1min416

Понесени од празнувањето на 8 Април како меѓународен ден на Ромите никако изгледа да дојдеме до реалноста дека животот продолжува и понатака, до наредниот 8 април има точно 362 дена или до крајот на оваа 2019 кога ќе сумираме резултати колку сме биле успешни или неуспешни има уште 263 дена.

Уште 263 дена макотрпен живот, неизвесен живот, борба за егзистенција, во потрага за подобар живот на нашите деца, нашите родители а и за нас самите.

Уште 263 дена ќе слушаме разни приказни од страна на преставниците на власта дека животот се подобрил, дека сме “ѕвезда” во рамките на земјите од Балканот, дека тече мед и млеко а во реалноста тече нешто друго.

Се пофаливме дека имаме раст на инвестиции, невработеноста се намалила, ќе имаме раст на БДП од 5%, дека македонците започнуваат да се враќаат во државата, та дури нема место во авионите за Македонија се чекало со месеци да се резервира билет за да нашите се вратат и да почнат да работат тука. Специјалистите за 1000 евра плата, администрацијата за 500 евра и просечната плата на работниците е веќе 500 евра.

А реалната приказна е сосема поинаква секојдневно млади луѓе ја напуштаат Македонија, ( само од Гостивар секоја сабота по 4-5 автобуси со млади луѓе и медицински кадар патуваат во потрага по подобар живот ).

Нема ниту 500 евра плата ниту 1000 евра за специјалистите ниту пак 11.700 денари социјална помош. Хартијата и медиумите трпат секаква лага. Лага која кај народот проаѓа во периодот на избори. 450.000 луѓе живеат под прагот на сиромаштијата или повеќе од 1/5 до вкупното население.

Можеби како податок е доволен дека само од страна на ромската заедница во Rепублика Македонија иселени се околу 15.000 роми. Од другите се многу повеќе. Бројката од 600.000 е реална бројка на иселени и секоја наредна влада треба да се запраша што правиме. Како да се запре одливот на младите, на населението. Решенија нема. Во земјата остануваат синовите на пратениците и функционерите за кои тато и мама ќе обезбедат вработување во ЕЛЕМ.

Да не бидам погрешно разбран лажеше и претходната власт и беше казнета за тоа.

Но да се осврнам на еден горлив проблем , кој навистина загрижува. Тоа е состојбата на ромската заедница. И од страна на меѓународната заедница се прават напори за интеграција на ромите но и од страна на Владата. Наместо интеграција на ромската заедница и вклучување во институциие на системот ( со цел поголема застапеност на Ромите) се случува да воопшто нема вработување на роми ( претходната влада воведе еден катастрофален механизам т.н. калкулатор на застапеност на заедницата во институцијата , a оваа Влада толку се придржува кон оваа алатка која е добредојдена, така да сега едноставно е невозможно  ромската заедница да влезе во одредена институција)

За каква интеграција се залагаат меѓународните организации и Владата? Интеграција за Ромите но без ромите.

Интеграцијата како збор значи спојување на деловите во една целина , но целина од два ентитета без другите не е интеграција тоа е дезинтеграција, разединување. Токму овие процеси водат кон разединување, поголема маргинализација на ромите во Република Македонија.

Господо од Владата и оние кои ги помагаат запрашајте се дали сте на вистинсиот пат, дали Вашите политики вродуваат со интегрираност или водат кон нешто друго. Досега бевте преокупирани со процесот на промена на името и Уставот, но дајте застанете  и соочете се со реалните проблеми во оваа држава.

Ветивте просечна плата од 500 евра – НЕ ГО ОСТВАРИВТЕ

Ветивте 11.700 денари социјална помош – НЕ ГО ОСТВАРИВТЕ

Ветивте 1000 евра за специјалистите – НЕ ГО ОСТВАРИВТЕ

Доколку не можете кажете подобро не можеме толку знаеме . Нека дојдат други кои што знаат и умеат и кои што ќе ветат нешто што е остварливо. Мислам дека 2 години се доста период каде што можевте да покажете.

Време е за промени ДОСТА Е..


Sali MemedApril 8, 2019
Shaban-3.jpg

1min437

РОМИТЕ потекнуваат од  Индија и тоа од северозападниот дел околу подрачјето Пенџаб. Самите себе се нарекуваат Роми (Ром,Рома ) или пак Синти (синто,синтура).Самото име има ознака на етничка припадност, меѓутоа се користи и за значењето маж и човек .Се претпоставува дека Ромите највероватно го добиле името по Рама , легендарниот јунак од староиндискиот еп Рамајана,а неговите  припадници постанале рамини деца (романо чхаве).

Ромите од Индија низ светот имаат неколку големи миграции или раселување во нивната ромска историја така што првата се споменува некаде пред повеќе од 1000 години,a во Македонија ромите за прв пат се споменуваат во почетокот на XI век.

Според податоците на научните истражувања на ромолози ,врз ромите се извршени масовни егзодуси , прогони и асимилации.Сеуште се свежи сеќавањата на холокаустот врз ромите во текот на Втората светска војна во концентрационите логори каде зверски се убиени повеќе од 600.000 роми(мажи, жени и деца).

Почетокот на будење на  идеите за ромското прашање и основање на организации се појавува во шеесетите години на XX век .Во Лондон ,Англија од 6-8 април 1971 година е одржан Првиот Светски конгрес на ромите каде присуствувале делегати од 14 земји.Тамо се донесени повеќе одлуки од кои најважни се одлуката за ромското знаме кое во долниот дел има зелена боја и ја симболизира земјата , а горниот дел е со сина боја  и е  боја на небото.Во средината на знамето има тркало кое ги симболизира патувањата и миграциите на ромите.

Одлуката за химната на ромите била донесена да биде познатата ромска  народна песна  ,,Џелем ,Џелем,,.Во однос на официјалниот  јазик за сите Роми во светот донесена е одлука да биде ,,Romani chib,,.А во поглед на различностите во именувањето на ромите одлучено билo да се именуваат како ,,Rom-Roma,,  во буквален превод  човек –луѓе.

На конгресот се донесени и многу други одлуки меѓу кои и одлуката 8-ми април да се обележува кај ромите како Светски ден на ромите.По поднесен амандман од мене како пратеник во Собранието на Република Македонија 2007 г. и уште еден поранешен пратеник беше одлучено 8-ми април за ромите во нашата држава да биде  празник и неработен ден.

Ромите живеат во сите земји, а според проценките на ромолозите во Европа  живеат помеѓу 15 -20 милиона роми и околу 55 милиони низ сите земји во светот.

Ромите во Македонија со плурализмот,1991 година  ја формираа првата политичка партија предводена од претседателот и пратеник Фаик Абди каде што јас бев генерален секретар на партијата.Со наше барање до Владата и Конгресот на Индија ни беше врачена од Индија резолуција каде сме признати за малцинство и дел од индискиот народ, а која резолуција беше основа за да ромите во новиот устав на  Р.Македонија за прв пат во историјата на ромското прашање во светот  ги внесе во преамбулата на уставот.

Ромската заедница во Македонија доживува вистинска ренесанса по 2006 година со Владата формирана на колацијата  ,,За Подобра Македонија,,  предводена од ВМРО-ДПМНЕ со тогашниот претседател Никола Груевски и јас како пратеник во Собранието на Р. Македонија.

За прв пат во историјата на ромското прашање 2006 година во мој пратенички мандат се случија првите вработувања на 5 граѓани од ромската заедница преку рамковниот договор кој до таа година не се спроведуваше во државната администарција, кој подоцна стана задолжителна пракса и обврска на Владата по однос на вработувањето на Ромите на сите нивоа во министерствата и органите на државната управа и на други работни места.

Состојбата на вработени роми до 2006 година, според пописот од 2002 година од вкупно 53879 роми  население во Република Македонија или  2,7%, вработени беа вкупно 710  (со само неколку вработени во државаната  администрацијата)или по  процентот  на вработени роми  0.62%.

На 31 декември 2016 година во институциите на јавниот сектор од 110.311 вработени 82.900, односно 75,15% се Македонци, 21.279, односно 19,29% се Албанци, 1.781, односно 1,61% се Турци, 1.272, односно 1,15% се Срби, 1.215, односно 1,10% се Роми, 479, односно 0,43% се Бошњаци, 478, односно 0,43% се Власи, а 907, односно 0,82% се други или не се изјасниле.

Владата на коалицијата ,,За подобра Македонија,,  посебно го потпомогна отварањето на предучилишни установи-градинки помагајќи ги ромските дечиња уште од најмала возраст да се стекнат со основни знаења за идните предизвици во образованието.

За време на мојот мандат како пратеник во Собранието на Р.М. се донесе и Законот за бесплатно средно образование (бесплатни учебници,бесплатен превоз) кој преставува голема помош за сиромашните ромски семејства и можност за вклучување на нивните деца во образовниот систем.За поголема вклученост во средното образование од посебна важност е изграденото   средно училиште во општина Шуто Оризари.

Со претходната влада на голем број завршени роми со средно образование овозможивме покрај редовните услови за запишување на високите образовни инстистуции-факултетите и посебни квоти (проценти) за запишување студенти во прва година.Нашата партија Демократски сили на Ромите на која сум  претседател со моите најблиски соработници отворивме можности за бесплатно дооформување на образованието за возрасните роми.

Сето погоре а со помош на владата на коалиција ,,За подобра Македонија ,, со огромниот број на стипендии и кредити за ромските ученици и студенти резултираше со голем број на студенти по факултетите и дипломирани роми што допринесе ромите да се стекнат со високо-квалитетно професионално образование и вработување како никогаш од нивното постоење.

Но нажалост темпото со кое се реализираше напредокот на ромската зедница денес е во стагнација,ромите остануваат на маргините на општество.Вработувањата на ромската зедница скоро и да не постојат.Голем број на ромски семејства ги продаваат своите имоти,децата ги отпишуваат од образовните институции  и со билет во еден правец ја напуштаат државата и масовно заминуваат низ светот.Ромите остануваат надвор од општествено-политичките случувања во државата поради безидејноста на ромските политички партии како и немањето на интерес на државата за ромската зедница зафатена во коштец со барањата на албанската заедница и проблемите околу уставните промени на името на Македонија и исполнувањето на обврските за влез во НАТО и ЕУ.

На жалост ГОЛЕМИОТ СОН  за подобрување на животот и интеграцијата на ромите во институциите во нашата држава преку големите програми кои требаше да се решат со реализација на ,,Декадата за ромите ,, и ,,Стратегијата за ромите ,, Е МРТОВ. Треба да се испита и понесе одговорност за лошата имплементација на акционите планови од овие важни документи дали вината е на лицата кои ги реализираа овие програми во нивната нестручност и неспособност  или вината е на ригидниот однос на владата на нашата држава.

Би сакал само да појаснам дека на никого не му е во корист од неписмена, сиромашна, неинтегрирана и безидејна ромска заедница без основни средства за живот ,без здраствено и пензиско осигурување.На жалост во сегашни времиња најмалку се прави за искрена и доследна интеграција ромската заедница.Ромите се оставени сами на себе  надвор од било каква агенда за нивно вклучување во општествено-политичкиот ,економски-културниот живот за разлика од останатите граѓани во нашата држава.

Нашата држава Македонија е на пат за потпишување на  договорот за влез во НАТО и во очекување на потпишување на датумот за пристапаните договори за прием во ЕУ.За непречен влез на нашата држава во ЕУ еден од основните услови на Советот на ЕУ преку Европската комисија е да ја проценува способноста на кандидатот за влез во ЕУ за исполнување на критериумите и условите за пристапување  на земјата познати како Копенкашки критериуми.Во однос на политичките критериуми посебно би сакал да го истакнам критериумот заштита на човековите права и почитување и заштита на правата на малцинствата.Сакам да потсетам дека во сите препораки од ЕК до нашата држава се препорачува да се работи на подобрување на положбата на ромската заедница во дражавата за да се поправи негативната оценка .За жал можеби и да постојат искрени намери на нашата влада  да помогне во решавање на тоа прашање но до денес ништо позначајно и недоволно  е сторено. Особено во последните години буквално и да нема никакво подобрување на основните и колективни права на ромите загарантирани со уставот, законите и меѓународните акти.

Од формално правен аспект ромската заедница во Македонија за разлика од ромите кои живеат во другите држави е во подобра положба но далеку е од правната  положба која и припаѓа согласно позитивните законски прописи и меѓународното право.Нажалост во обичниот живот  ромите се на работ на егзистенцијата и во инфериорна положба.

Предвид на сето погоре наведено нашата партија ДСР го повикува своето членство во сите 42 ограноци низ Македонија  на 21 април 2019 г. во недела масовно да излезат на гласање и да го заокружат бр.2  за кандидатот професорката д-р Гордана Силјановска Дафкова кој ја подржува коалицијата ,,За подобра Македонија,, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот на сите роми низ целиот свет сакам да им го честитам светскиот ден на ромите-8-ми Апрол, а на ромите од Македонија  државен празник  и неработен ден со многу среќа и здравје  во понатамошниот живот и нивна искрена и доследна интеграција во институциите на државата .

Авторот Шабан Салиу е доктор по политички правни науки и претседател на партијата Демократски сили на ромите.


Sali MemedMarch 7, 2019
.jpg

1min449

Формално сите го почитуваат законот при основање на политички партии но во реалноста без никаква идеологија а ни најмалку ориентираност кон десничарите или левичарите.

Ваквиот партиски пристап доведува и до немање на политичка опозиција кај заедницата и останува самото ромско општество, своето незадоволство да го изрази во помали и потесни кругови и тоа плашејќи се да не ги слушне некој.

Во овој момент, партиципираат три ромски политички партии во власта кои ја поддржуваат политиката на актуелната позиција, иако во изминатите години сите беа во коалиција со предходната власт. Се поставува прашањето: Која партиска идеологија поддржуваат ромските политички партии? Десничарска или Левичарска?

Од скоро во медиумите се шири изјавата на еден од ромските политички лидери кој вели:

“КОЈ Е НА ВЛАСТ – ЈАС СУМ СО ВАС“.

Доколку се анализира оваа изјава од аспект на подобрување на состојбата на ромското население во Македонија, може да се заклучи дека единствено преку учеството и партиципација во власта може да доведе до промени во заедницата. Но ако се анализира изјавата од аспект на партиски интерес, може да се заклучи дека учеството во власта е поисплатливо преку користење на придобивки, па макар и 20 вработувања, отколку во опозиција и добивање само на пратеничка плата.

Како и да е, секогаш учеството во власта отвара и дава можност за креирање политики, решавање на проблеми, можност кон поголема интеграција и шанса за реализирање на поголеми права.

Но тоа исто така и не треба да значи дека опозицијата не може да реализира активности и да помага во доброто на заедницата. Со право може да се констатира дека опозицијата е гласот на незадоволниот НАРОД КОЈ ПРЕТСТАВУВА ГЛАСАЧКО ТЕЛО. Опозицијата треба да ја следи и критикува власта и истовремено да дава предлози за подобри и реално остварливи решенија. Помеѓу опозицијата и власта неопходно е да има кохезија доколку целта е подобрување на заедницата, а доколку кохезијата ја нема тогаш се доведува во прашање значењето на ромските политички партии.

Ромите во Северна Македонија сочинуваат 2,66 % од вкупното население во земјата а речиси и толку изнесува и гласачкото ромско тело на секои организирани избори во последните 10 години.

Доколку се тргне од целта и идејата да се подобри ромската ситуација, учеството во власта и правењето на коалиции со поголемите партии мора да има висока цена која ромските лидери треба да ја фактурираат при преговорите.

Иако фактурите при преговорите за влез во коалицијата на почетокот се големи, со текот на времето цената на секоја партија се намалува и се доведува до таков степен да се прифати она што е понудено а не побарано. Најчесто, поголемите партии знаат да ја менуваат почетната фактура и да понудат нешто поприфатливо за “преговарачите“ и уште неколку вработувања.

За жал, поради заштита на личните интереси, колективниот интерес се сведува на групен интерес за 20 лица од партијата кои треба да се вработат. Во залог се ставаат потписите на 1001 граѓанин кој ја регистрирал партијата во интерес на “преговарачот“ и уште 20 вработувања а во некои случаи и до 40 – на работни места со средно или основно образование и нешто ситно со високо образование.

 

ДАЛИ ВРЕДИ ЛИЧНИОТ ИЛИ ГРУПНИОТ ИНТЕРЕС ПОВЕЌЕ ОД НАЦИОНАЛНИОТ?

Погледнете која и каква политика водат повеќебројните заедници во Северна Македонија. Најнапред разговараат за националните интереси а дури откако ќе дојдат до целосен договор, започнуваат преговори за влез во владата а тоа се одвива после избори.

ПРЕГОВАРААТ ПОСЛЕ ИЗБОРИ!

Откако добиваат 2, 3, 5 или 10 пратенички места, дури отпосле разговаат за влез во Влада низ две фази:

  1. Решавање на национални прашања, еднакво важни за сите политички субјекти
  2. Преговарање за добивање на политички функции и следствено на тоа и вработувања за нивната заедница (членство).

 

Ромските политички партии, најнапред преговаат за да влезат во коалиција за да бидат пратеници, односно обратен процес со што ја намалува нивната фактурирана цена за време на разговорите.

Меѓупартиската кохезија е најнеопходна за подобрување на состојбата на Ромите. Немањето на единствена национална платформа и заложба доведува, фактурата да се сведе на 20 или 40 вработувања.

Што е национална платформа по која е неопходно да се водат сите ромски политички партии.?

Национални прашања се теми и идеи кои ги таргетира целото ромско население а не само одредена група. Сиромаштијата не е национално прашање и не треба да се доведе до лавиринт на преговарање. Тоа е обврска на државата и надлежните министерства. Дискриминацијата на сите нивоа e прашање кој ги таргетира сите етнички заедници а власта треба да го реши за да не добива негативни извештаи од ЕУ. Финансирање и реализирање на активности на ниво на проекти не е прашање од национален интерес бидејќи се однесува на различни групи и категории.

Овие како и за други прашања кои се од групен карактер (сиромашни, дискриминирани, маргинализирани, бездомници и сл.) не треба да се преговара и да се доведе до ситуација дека е успех на некој политичар, бидејќи тоа е ОБВРСКА НА СЕКОЈА ВЛАДА БЕЗ РАЗЛИКА ИМА ИЛИ НЕМА ВО КОАЛИЦИЈА РОМСКИ ПРАТЕНИК ИЛИ ПАРТИЈА.

Ромските политички партии, уште еднаш напоменувам, неопходно е да кохезираат меѓусебно и да креираат национална ромска платформа која ќе биде од интерес на сите ромски граѓани.

  • Предлагање за формирање на Агенција за ромски прашања при Влада на Северна Македонија која ќе врши надзор за реализација на вработувањата и финансиите наменети за Роми.
  • Остварување на фундаменталното право според Устав на Република Северна Македонија а тоа е учење на мајчин јазик

Овозможување на услови за настава

Финансирање на ромска литература

Отварање на катедра по ромски јазик при Филолошки факултет

Отварање на катедра по настава на ромски јазик при Педагошки факултет

Отварње на катедра по ромски јазик при Драмски Факултет

  • Зголемување на буџетот за Роми и креирање на програми и подпрограми од страна на одделни министерства
  • Зголемување на можностите и доделување на буџет на Министерот без ресор задолжен за реализација на Националната стратегија на Роми
  • Формирање на ромски културни институции

Национален ромски театар

Национален ромски музеј

Национална ромска библиотека

Формирање и финансирање на национални културни манифестации

  • Предлагање на функција Вице премиер за ромски прашања при Влада на Северна Република Македонија

 

Навидум овие барања се тешки и неостварливи, но за жал и досега неиспробани од ниту еден ромски политички субјект бидејќи преговорите за коалиција преминуваат веднаш кон задоволување на партиски интереси и функции.

Ромските политички партии треба сериозно да размислат за обединување и окрупнување на своите кадри со нови и млади интелектуалци и на следните парламентарни избори да настапат без поддршка од големите “ФИРМИ“.

35 – 40 илјади гласови на ромската заедница во Северна Македонија гарантираат:

  • 4 до 5 ромски пратеници со што ќе формираат пратеничка група
  • Исполнување на горенаведените барања па дури и повеќе
  • Враќање на довербата кај народот.
  • Подобрување на ситуацијата кај Ромите.

Откако ќе се добие имунитетот “пратеник“ тогаш, партијата (партиите) нека се договорат за политички функции и вработувања за народот (нивното членство). Само на таков начин ќе порасне вредноста и цената на фактурата за време на преговарачкиот процес за влез во Влада.

Но можеби ова е само илузија???????? или реален пример кој се реализирал кај една од поголемата етничка заедница во Македонија.

 

Загрижен граѓанин



Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime