Приштинските медиуми објавиле видео снимка на која е прикажан напад врз Ромка среде улица во Урошевац.

Додека непознато лице со мобилен телефон снима како жената се движи по улица, мажот одеднаш влетува во кадар од зад грб и ја удира со боксови во глава и ја соборува на под. Како да ѕверскиот напад не бил доволен, тој жртвата која неподвижно лежи на улица уште неколку пати ја шутира со нога во глава.

Во моментов не е позната состојбата на нападната жена, ниту дали некој од многубројните луѓе на улица успеал да ѝ помогне.

Како што пишува „Коха“ тоа не е првпат да се случи напад врз Ромка, односно весникот известува дека пред скоро време била нападната жена после што полицијата го уапсила осомничениот. Истрагата и понатаму трае.