Counter Strike: Global Offensive моментално е најпопуларната игра на Steam, а самата платформа Steam никогаш не била попопуларна.

На 14-ти март на Steam платформата истовремено играле над милион играчи на Counter Strike: Global Offensive, поточно 1,007,062 играчи што е апсолутен рекорд.

Секако, најголемо влијание на порастот на бројот на играчи на Counter Strike: Global Offensive има преминувањето на free2play моделот, а треба исто така да се напомене дека сега содржината е побогата.

Овие бројки се резултат и на епидемијата на коронавирусот ширум светот која затвори во своите домови огромен број на луѓе. Steam платформата на Valve истиот ден постави нов сопствен рекорд, откако истовремено играле речиси 20 милиони играчи.

Поточно на 14-ти март на Steam платформата во еден момент имало 19,728,027 играчи кои ги играле најголемите гејминг хитови.

Најиграна била Counter Strike: Global Offensive со 1,007,062 играчи, потоа DOTA 2 со 694,829, PUBG со 525,462, Tom Clancy’s Rainbow Six Siege – 183,817, GTA V со 170,024, а топ 10-те најиграни игри ги заокружуваат Monster Hunter: World, ARK: Survival Evolved, Destiny 2, Borderlands 3 и Team Fortress 2.

 

 


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime