FAKE NEWS „Коронавирус и 5G се поврзани “: теоријата на заговор што ги запали антените во Англија

Лажните вести велат дека новите електромагнетни бранови ќе го ослабат имунолошкиот систем и ќе го охрабрат ширењето на вирусот.

Теориите на заговор за корелацијата помеѓу 5G и Коронавирус продолжуваат да го прават својот пат на Интернет. После твитот на Гунтер Паули (економски советник на италијанскиот премиер  Џусепе Конте) во март месец, и потоа вестите во Израел во врска со ненадејната смрт на стотини лилјаци во земјата што им се припишуваат на електромагнетните бранови на антените со 5G, сега е редот на Велика Британија.

Теоријата се шири во земјата – вистинска лажна вестспоред која 5G антените може да имаат улога во ширењето на коронавирусите инфекции.

Најмногу издадени верзии се 2, и двете без научни основи.

Според првото, 5G би ја ослабило имунитетната одбрана на оние што се изложени на тоа со отворање на патот за зараза;

Според втората теорија, Коронавирусот би ги користел електромагнетни бранови за да комуницира и да се шири побрзо.

Сепак, и покрај многуте спроведени истражувања, досега ниту една студија не успеа да докаже научно дека 5G, во рамките на максималните нивоа утврдени со закон (61 волт/метар според Европската Унија), е штетен за здравјето на луѓето. Затоа, верувањето постојано е одбиено од големите меѓународни конзорциуми.

Меѓу овие, International Commission on Non-Ionizing Radiation Protection (ICNIRP), која минатиот месец, во објавувањето на своите најнови упаства за електромагнетни полиња по седумгодишни студии откри дека не најде докази во овој поглед. Денешните проби велат дека, во рамките на очекуваните граници, нема за што да се грижиме.

Дури и втората теорија никогаш не била потврдена. Всушност, тоа потекнува од научна публикација потпишана во 2011 година од истражувачите од Североисточниот универзитет во Бостон (Соидинети Американски Држави) и Универзитетот во Перуџа (Италија) дека бактериите би можеле да комуницираат преку електромагнетни сигнали.

Студијата не зборува воопшто за вируси, туку за бактерии, сосема различни организми, така што покажува дека 5G нема никаква врска со Коронавирус.

Британскиот весник Daily Star, минатиот 24 март објави на интернет со наслов: „5G Wi-Fi мрежите можат да дејствуваат како забрзувач на болеста“. Штета што беше едноставно земено от изјавите на интервјураните активисти, секако не била авторитетна и заверена изјава. Три дена подоцна титулата беше сменета во „Коронавирус: активисти велат на бизарен начин дека 5G може да дејствува како забрзувач на болеста“.

Но, беше предоцна. Така, од споделување до споделување (дури и од страна на некои ВИП), ситуацијата продолжи да се нанесува.

Резултат: и покрај lockdown, повеќе од 20 кули от антени 5G биле вандализирани и запалени во разни делови во Велика Британија.

„Апсолутно сум разочаран што луѓето преземаат акција против инфраструктурата што ни е потребна за да се справиме со итни случаи – рече директорот на Националната здравствена служба Stephen Powis -. Оваа приказна од 5G е комплетно и тотално лага. Најлош вид на лажни вести“.

Покрај тоа, Фејсбук и Гугл ќе ги отстранат лажните вести на 5G и Коронавирус.

Во Вухан, градот жариште на овој вирус, инсталирани се многу 5G антени во изградбата на новата болница КОВИД. Ова овозможи да се поврзат далечните болници, каде што брзината на комуникација и испраќањето анализи се покажаа екстремно брзо, обезбедувајќи поголема брзина во интервенциите, во примената на стратегиите за напредувањето во истражувањето.

Ако 5G е опасен за нашето здравје, зошто Вухан инсталира 5G антени во својата болница за Коронавирус???

 

Ириша Демири, Студент на Инженер за електроника


Bašo Amenge


Grupa taro terne Roma intelektualcija, novinarija, web dizajnerija, tehničarija, montažerija thaj javer personali savo so isilen baro iskustvo ki piri buti rodingje te keren nesto nevo ko mediumsko internet than ki Makedonija. Palo beshiba ko sostanok taro timi taro 24vakti.mk angjape decija kaj ko akava momenti falinela jek romano web tv portali savo ka nudinel pravilno, kvalitetno, informacija baši o Roma. Adaleske formiringape o www.24vakti.mk  ko adava sostanok čivgjem akala celija thaj pričine soske te formirina o jekutno romano web tv portali 24vakti.mk

24Vakti © Copyright 2015 – 2019, Sa o nijamija si protektirime