Solution employment- Агенција за вработување во странство со македонски пасош

Solution е нова компанија за посредување при вработување во земјата и странство која настапува со моќен бренд, искуство и експертиза, како основни предуслови за релеванта конкурентна понуда во доменот на посредувањето при вработување во земјата и надвор од неа.


Solution employment настапува на македонскиот пазар со добро познавање на пазарните прилики за вработување. Имаме склучено директни договори со врвни работодавци од Германија кои ни овозможуваат непречена и континуирана понуда за вработување на нашите клиенти. Токму овие партнери ќе дадат потпора да се настапи на пазарот со конкурентски предности.

Компанијата е основана од Ибрахим Ибрахими. Г-дин Ибрахим Ибрахими долги години учествувал во креирањето на закони и политики за вработување, како заменик министер и министер за труд и социјална политика, и е добар познавач на пазарните услови во Македонија, но и во Република Германија, пред се проучувајќи ги нивните закони во делот на активните мерки за вработување.
Нашиот тим се состои од администратори, германисти, и регрутери за вработување – лица кои и самите учествувале во работни, студентски програми во Германија. Ви стоиме на располагање за се што е ви е потребно и поврзано со вашата желба за работа во земјата и странство.

Контактирајте со лице на Solution​

Контакт: 070/356-801​
070/356-802

Локација: Булевар Партизански Одреди 14А Скопје

Related post