Од Пелагонија ББ во Шуто Оризари до 3место Кенгур 2022

Иако е роден во Велес Амир Дестанов е израснат во скопската населба Шуто Оризари од познатата улица од оваа населба Пелагонија ББ, од каде и почнува приказната за детето што посетува  дневен центар „ Деца на Улица во Шуто Оризари“ и успехот трето место  на математичкиот интернационален  натпревар „Кенгур“2022 година.

Се верува дека талентот на Амир ќе се гради со образование, дисциплина и ангажман од него како и од општеството. Но има сериозна бројка од таквите таленти кои без родителска поддршка, инстутционална или системска најчесто се остануваа „таленти на улица “. Ако нема ангажман од сите засегнати страни за неговиот прав развој  во сите области од социо-економски до образовен напредок, ќе се потсетиме само на неговите дипломи  по математика за кое немало сенс  за неговото унапредување и претворање на талентот во успешна кариера.  Затоа да не биде пример на „талент на улица“ прво самиот треба  да се фокусира во образованието, после државата и надлежните институции кои освен еуфоријата со неговото сликање и  ПР на социјалните медиуми за неговиот успех треба да го мотивираат пружејќи рака на неговото градење во иден академски граѓанин во Северна Македонија.

Дополнителен мотив на институциите треба да им биде фактот дека е  дете од ранлива категорија( дете од улица)  кој може да биде пример за децата со иста судбина за нивно поголемо мотивирање за образованието во нашата земја.

Во делот на неговата иднина Амир има сака да биде професор по математика, но има афинитети и кон другите професии како информатичар.  Апел и повик до сите институции, невладини организации како и хумани граѓани да се активираме оваа желба на Амир да му ја направиме да биде реалност.

Сите ја знаеме приказната на Амир во каква социо-екномска положба се наоѓа заедно со неговото семјество.

За неговоиот развој има потреба од секаков вид помош…..

Мој став

Сали Мемед

Интервју со Амир Дестанов на ромски јазик

“Текстот е изработен во рамки на проектот “Инспирирај, мотивирај, делувај за подобро образование“, кој е дел од ARISE (Action for Reducing Inequalities in Education) и е спроведен од страна на Центар за социјални иницијативи НАДЕЖ, а е финансиски поддржан од ЕУ. Содржината е единствена одговорност на авторот и на ниту еден начин не може да се смета дека гледиштата изразени во истата го одразуваат мислењето на Европската Унија

 

 

 

Related post