Асан: Формираме ЈП за управување со отпад и културен дом „Есма Реџепова“ во Шуто Оризари
Асан пред присутните истакна дека неговата програма е гарант за развој на Шуто Оризари и за подобар живот на сите граѓани во оваа општина.
„Предвидено е за прв пат во историјата Јавно претпријатие за управување со отпад, паркинзи и погребални услуги. Ќе ставиме крај на шетањето од врати до врати за вашите потреби – нема веќе лутање и незнаење каде да се оди за пополнување документи за социјално или за трето дете или за решавање на проблем со извршители!! Воведуваме концепт на нова содржина во општината преку нејзино проширување и реогранизирање – се на едно место!” порача Асан.
Асан најави нови проекти важни за младите, за спортот, за културата.
„Спортскиот центар на отворено ќе биде спортски гигант за оваа населба и еден од најубавите спортски терени во градот, ќе покажеме дека и Шутка умее и може!
Младинскиот центар во населбата Бараки ќе придонесе за развој на вештините на младите, нивна дружба и социјализација. И овој центар ќе биде со посебен раководител, структура, ресурси и ќе функционира за секој млад и ќе задоволува едукативно-развојни потреби на секое дете!!!
И крајно нов Културно уметнички дом, културен дом со име Есма Реџепова оспособен за театарски пртстави, кино проектии и изложби” порача Асан и ги повика граѓаните на 17 октомври да гласаат за број 12, за Најдобрто за општина Шуто Оризари.