Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ
Лидерот на ДУИ Али Ахмети имаше јавно обраќање во кое ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.
Кажете „не“ на Русија, „да“ на Европа! Ајде да избереме претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите и двојно мнозинство Бадентер. Бујар треба да ја очекува оваа промена што ја бараме и во нашата програма за 2016 и 2020 година.
Отворањето на Уставот за случајот на претседателот ќе овозможи и усвојување на Договорот за добрососедство и продолжување на европската интеграција.
Претседателот Стево Пендаровски ќе биде кандидат на СДСМ и ќе се бори за втор мандат во вилата Водно. На Пендаровски ова ќе му биде трета кандидатура во низа. Противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ повторноќе му биде пратеничката Гордана Силјановска Давкова. Опозицијата објави вчера, а кандидатурата на Силјановска треба да ја потврди на партиска конвенција на почетокот на март.
Кандидатура објави и градоначалникот на Карпош и претседател на ГРОМ Стевче Јакимовски. Тој на последните претседателски избори ја поддржа кандидатката на опозицијата, но сега е веќе остар противник на ВМРО-ДПМНЕ.
Арбен Таравари е кандидат на здружената албанска опозиција, а прва кандидатура објави професорката Билјана Ванковска која ќе биде претседателски кандидат на Левица. Покрај тоа и лекарот Вело Марковски најавува дека ќе собира потписи за кандидатура.
Досега најмногу претседателски кандидати на избори имало во 2009-тата кога беа пријавени вкупно 7 кандидати. На првите директни претседателски избори во 1994-та имаше само двајца кандидати, додека на последните во 2019-та имаше тројца кандидати од кои двајца (претседателот Пендаровски и Силјановска) повторно ќе се кандидираат на овие избори.