(Видео)Самка Ибраимовски: Седум евра бруто сатница за вработените во земјава, или нето минимална месечна плата од 640 евра

Носителот на листата во ИЕ5 Самка Ибраимовски, денес на средби со стружани. Го посети градскиот пазар и шеталиштето на Црн Дрим. На стружани им ја претстави програмата на коалицијата „Храбро за Македонија“, во која што како што кажа има голем број решенија за проблемите. Најави седум евра бруто сатница за вработените во земјава, или нето минимална месечна плата од 640 евра.

Ибраимоски, рече ќе бараат да се почитува Законот за извршители, ревизија на сите извршни решенија во земјава и испитување на имотот на извршителите.

„Предлагаме и други законски решенија во делот на социјалната правда, предлагаме 25.000 минимална пензија во земјава, тоа можеме ние затоа што го знаеме. Јас бев заменик министер во МТСП, а и Стевче Јакимовски беше министер ние го донесовме Законот за работни односи“, истакна Ибраимоски.

Активистката Ана Глигорова, воедно кандидат за пратеник нагласи дека еден од главните приоритети на предизборната програма е борба за правда и ослободување на народот од должничко ропство.

„Во акцијата Стоп за казината, обложувалници и кеш кредити. Струга е преплавена, кога влеговме внатре во градот на едно место банка до банка обложувалница до обложувалници, казино до казино, продавница за пари малолетници влегуваат во обложувалниците, тоа е неверојатен проблем“ рече кандидатот за пратеник Ана Глигорова.

Потребен ни е рестарт во судството, здравството и образованието. Да ги зачуваме младите кои се сè уште тука, да ги надградиме студентите и бизнисите кои придонесуваат за развојот на земјата, рече Ибраимоски, кој ги повика граѓаните на претстојните избори да го заокружат бројот три, бидејќи како што кажа тие се оние кои ќе работат за доброто на народот.

Related post