ДИК: Излезноста до 13 часот е 26,35%, поднесени 140 приговори за заштита на избирачкото право
Според податоците на ДИК за излезноста до 13 часот од 1720 избирачки места 229.803 гласачи го оствариле своето право на глас или 26.35%. Како што изјави претседателот на ДИК, Александар Даштевски, најголема излезност од добиените податоци за излезност има во Новаци или 42,87%, а најмала во Врапчиште со 10,18%.
Во ДИК пристигнале 140 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 16 приговори се усвоени, 8 приговори се отфрлени како неуредни, а 9 се одбиени.