ДО 9 ЧАСОТ ИЗЛЕЗНОСТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Е 3,85 ОТСТО
Излезноста до 9 часот на првиот круг претседателски избори е 3,85%, соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски на првата прес-конференција.
Од вкупно 1.814.317 избирачи, од отворањето на гласачките места, до 9 часот гласале 25.744 гласачи.
– Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право кои се на обработка – рече Даштевски, кој појасни дека тоа се лица кои не се пронајдени на списокот и дека други посериозни проблеми нема.
Следната прес – конференција ја најави за 13.30 часот кога подетално ќе информира за текот на гласањето и излезноста.