Започна дистрибуцијата на гласачките ливчиња

ДИК започна со транспорт на доверливиот гласачки материјал до 80 општински изборни комисии. Под силно полициско обезбедување, во присуство на претседателот на ДИК, Даштевски, изборниот материјал, спакуван во картонски кутии со заштитен печат, тргна од Битола.

– Печатењето беше во ред, имаше наш тим, голем тим од избирачки список тука, предводени од раководителите кои завршија вчера попладне со доверливиот материјал за претседателските избори и после од понеделник се враќаат повторно, за да го контролираат процесот на вториот круг претседателски избори и за парламентарните избори. Имаме 17 тима и секој има по неколку, јас имам 7 општини и сега ќе тргнеме прво од Прилеп, бидејки е најголема и потоа правиме круг, ги носиме во сите општински изборни единици. И ќе завршиме до вечер. – изјави Александар Даштевски претседател на ДИК.

Процесот на изработка на гласачките ливчиња траел 10 дена, под мониторинг на ДИК и ОБСЕ.

– Испечатени се околу 1 800 000 ливчиња. На самото ливче има околу 20 заштитни знаци, кои се претходно договорени во тендерската документација со ДИК. – изјави Пеце Милошевски директор на печатница„Киро Дандаро”.

Утре се очекува дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

Related post