#NEVIPE #Roma ki MK

Министерството за социјална политика, демографија и млади денес потпиша 21 договор со општини и детски градинки низ државата, со што се обезбедува бесплатно предучилишно образование за децата Роми во социјален ризик.

Министерството за социјална политика, демографија и млади денес потпиша 21 договор со општини и детски градинки низ државата, со што се обезбедува бесплатно предучилишно образование за децата Роми во социјален ризик.
Раното детско образование има клучно влијание врз развојот на секое дете и носи долгорочни позитивни ефекти за целото општество. Водени од ова начело, го имплементираме проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“, во партнерство со Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, УНИЦЕФ, општините и детските градинки.
Проектот има јасни цели:
отстранување на бариерите за пристап до предучилишни установи за деца Роми на возраст од 3 до 6 години,
унапредување на нивната инклузија и социјализација,
зголемување на свеста кај родителите за значењето на раниот развој и образованието.
Благодарение на оваа иницијатива, Република Северна Македонија се издвојува на Западен Балкан со највисоко ниво на вклученост на деца од Ромската заедница во сите степени на образовниот систем.
Вложувањето во образованието на децата Роми не е само обврска, туку инвестиција во еднаквост, иднина и побрза интеграција на Ромската заедница во нашето општeство, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади