МОН испрати допис до училиштата, СОНК бара да се повлече – деновите за избори кога нема да се учи, да се одработат!
Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди 24 април и 8 мај кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи на 18 мај и 1 јуни.
МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според која учебната година трае 180 наставни денови.
За оваа нивна обврска МОН во дописот се повикува на нацрт-записник од 199 седница на Владата одржана на 14 ноември минатата година кога 30 ноември бил определен за неработен ден за учениците од основните училишта во Град Скопје.
„Сметаме дека доколку Владата донела таков заклучок дека тие денови ќе бидат неработни за сите вработени во државата, тогаш не гледаме причина зошто само основното образование би работело. Второ навистина вработените во образованието се чуствуваат дискриминирани од ваквиот однос, бидејќи единствено основното образование од целиот јавен сектор, па и приватниот сектор само тие ќе ги обрабодуваат деновите“, вели Јаким Неделков.