Пендаровски: Да се провери имотот на судиите и политичарите
Кандидатот за претседател од редовите на СДСМ, Стево Пендаровски од собирот во Велес го повтори ставот дека треба да се провери имотот на судиите, обвинителите и политичарите од последните 30 години. Според него, реформите во судството се останати на половина, а во изминатиот период судството го диктираат центрите на одредени политички и економски сили.